Кокосовиот орев се користи на разни начини, како храна и пијалок, како додаток во јадењата и слатките, во козметиката, но и како лек. Кокосот лесно се вари, а богат е со бројни витамини и минерали, а еден дел од неговата хранливост лежи во фактот што содржи масни киселини кои успешно се борат против разни болести.

Оваа намирница е еден од најдобрите борци против слободните радикали, бидејќи е нерафинирана и полна со основни антиоксидантни компоненти. Докажано е дека кокосот има антиканцерогени својства, кои особено многу помагаат во борбата против ракот на дебелото црево и ракот на дојката. Освен тоа, еве за што се друго е добар кокосот.

Против болки

Како што тврдат стручњаците, најчеста причина за болки во организмот е дехидратацијата. Затоа на оние кои имаат чести болки им се препорачува да пијат кокосова вода, течноста од млади, зелени плодови на кокосова палма, која е најдобар природен извор на калиум. Калиумот е најдобриот начин за да се врати хидрираноста во клетките и речиси моментално да се спасите од болките.

Слабеење

Кокосот е овошје кое ретко се консумира, но кое има позитивен ефект на целиот систем на варење, затоа што лесно се вари и е богато со хранливи материи и минерали. Сировото месо од кокосот ќе ги обезбеди дополнителните дози протеини, а покрај тоа содржи и органска состојка која има антибактериско дејство, која го штити црниот дроб од оштетувањата кои можат да ги предизвикаат алкохолот и други токсини. Кокосовото млеко е богато со здрави масла, кои му помагаат на организмот во борбата против лошото влијание на слободните радикали и во одржувањето рамнотежа помеѓу варењето и метаболизмот. Кокосовото масло, пак, го намалува апетитот и го подобрува согорувањето на мастите, посебно во пределот на половината и стомакот. Покрај тоа, кокосовиот орев го штити црнот дроб и го подобрува имунитетот.

Го регулира шеќерот во крвта

Кокосот е богат извор на диетални влакна, а најновите истражувања покажале дека храната богата со влакна го намалува нивото на шеќер во крвта, штити од дијабетес и го јакне имунитетот. Кокосот е и една од најдобрите намирници за одржување на здравјето на крвта. Уште една предност на кокосовото масло е тоа што содржи антиоксиданси за заштита од топлина и слободни радикали.

Подобрена работа на мозокот

Една порција свеж кокос обезбедува 17% од препорачаната дневна доза на бакар, неопходен микроелемент кој ги активира ензимите одговорни за производство на невротрансмитерите хемикалии кои мозокот ги користи за пренос на информации од една клетка до друга. Од таа причина, храната богата со бакар, како што е кокосот, може да помогне да не заштити од когнитивнотот опаѓање кое е поврзано со стареењето. Покрај тоа, маслото и месото од кокос можат да помогнат во заштитата на нервните клетки од протеинските плакови, кои придонесуваат за прогресија на Алцхајмеровата болест.

Лекува инфекции

Лауринската киселина во кокосовото масло може да ги убие бактериите, вирусите и габите и да излекува бројни инфекции. Тоа помага и кај воспаленија, бидејќи има својство на аналгетик и ублажува треска.

Ја храни кожата

Кокосовото масло не содржи омега – 3 масни киселини, но затоа изобилува со заситени киселини, кои помагаат за зацврстување на кожата. Поради тоа е одличен сојузник на убавината. Помага во стимулацијата на производството на колаген, кој е задолжен за еластичноста на кожата, а чија функција слабее со годините. Затоа кокосовото масло е одлично во борбата против брчките, стриите, дамки на кожата, за нега на усните и за вадење на шминката.

Ја обновува косата

Масните киселини во кокосот имаат мала молекуларна структура, па можат да продрат во клеточната мембрана на косата. Тоа им овозможува на хранливите масла полесно да продрат во коренот на косата и буквално да извршат регенерација одвнатре, правејќи ја кожата мека и силна. Поради своето противгабично својство, одлично е во борбата против перутот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина