Aко мислите дека стапалата се помалку важен дел од телото, се лажете. Нозете се најскапоцени и тие претрпуваат многу физички активности. Тие можат да ви помогнат и да ги спречите болките во грбот, колковите и колената.

 

Одење на прсти

 

Секој може да ја направи оваа вежба. Таа ќе ви помогне да ги зајакнете мускулите на прстите, лигаментите и мускулите околу лопатките. Одете на прсти 20 секудни, одморете 10-15 секудни, па повторете го сето тоа 5 пати. Практикувајте ја вежбата два пати дневно.

 

 

Вртење на зглобовите

 

Зглобовите се многу важни, бидејќи можат да преизвикаат болка во мускулите, колковите, грбот и колената. Затоа е важно зглобовите да ви бидат флексибилни. Легнете на грб и движете ја ногата кон главата. Потоа вртете го зглобот 10 секунди во насока на стрелките од часовникот. Направете го истото и со другата нога.

 

 

Фаќање молив со прстите

 

Ова е многу лесна и едноставна вежба, која може да се прави секаде. Само ставете молив на подот и обидете се да го земете со нозете. Останете во таа положба 10 секудни, а потоа пуштете го.

 

 

Масажа на табаните

Ставете тениско топче точно под вториот прст на десната нога. Полека движете го топчето околу табаните 1- 3 минути, а потоа повторете го истото со левото стапало.

 

 

 

Истегнување на жилата на петата со помош на колената

Со лицето застанете свртени кон ѕид. Едната нога поставете ја напред, малку свиткана во коленото. Држете ги двете пети рамно на подот и движете ги колковите напред кон ѕидот. Задржете се во положбата на истегнување 30 секудни и потоа опуштете се 30 секудни. Повторете ја вежбата 2 пати од по 10 серии.

 

 

Истегнување на прстите

Седнете на стол и ставете ја десната нога на левиот бут. Со рацете опфатете ги ножните прсти како да се ракувате и истегнувајте ги во страна 10 секудни. Повторете по 3 пати на двете нозе.

 

 

Отпорно свиткување

Оваа вежба е одлична за помалите мускули на нозете, кои се од суштинско значење за оддржувањето рамнотежа. Вежбата помага затегнатите мускули да не се повредуваат. Седнете и испружете ги нозете пред себе. Потоа земете гума за истегнување и влечете ја наназад додека се свиткувате. Свиткајте ја и ногата наназад и задржете се во таа положба 5 секудни. Повторете 10 пати.

 

 

Пети

 

Седнете со десната нога испружена, а левата ставена под бутовите. Виткајте се кон нанапред, прстите поставете ги како на сликата и со лесни движења притискајте ги палците подалеку еден од друг. Држете така 30 секудни и повторете по 2 пати на двете нозе.

 

 

Притисок на ножниот прст

 

Пред да започнете каква било вежба, треба да ги загреете мускулите. Прстите на нозете се одличен пример. Станете, малку свиткајте ги колената и обидете се да фатите некој премет со прстите. Останете во таа положба додека изброите до 3. Повтоерете 10 пати.

 

 

Истегнување на нозете и прстите кон горе

Кога ве боли грбот, вообичаено е тетивите да бидат тесно поврзани со овој проблем. Од таа причина се препорачува истегнување. Легнете на грб со двете нозе испружени. Исправете го коленото и потоа полека влечете ја крпата. Не претерувајте. Задржете 20 – 30 секунди и повторете ја вежбата на двете нозе.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина