sovet_naslovna

Познатата холивудна глумица Џенифер Анистон секако може да се пофали со својата витка фигура, убав и здрав изглед. Еве што познатата глумица советува за тоа како и во четириесеттите години да изгледате убаво и да бидете здрави.

1. Важна е промената

Менувајте го често начинот на вежбање за да ви биде интересно и своето тело да го одрувате будно – изјавила Џенифер за магазинот “Women’s Health“

2. Бидете умерени

„Се хранам здраво и редовно вежбам. Сепак, си дозволувам и по некој излет…Не сакам да се изгладнувам на екстремен начин. Мој совет – Само немојте да јадете брза храна и се би. требало да биде во ред ˮ, рекла глумицата за британското издание на магазинот “InStyle”

3. Вежбајте јога

„Јогата можеби е и најважната работа која би можеле да ја аправите за себе бидејќи таа ви помага да бидете смирени и подготвени на сеˮ .

4. Вежбањето е добро, но без форсирање

„ Понекогаш едноставно не сум расположена да вежбам. Мислам дека е битно да го послушате своето тело, бидејќи дури ниту вежбањето по секоја цена не е добро ˮ- изјавила Џенифер во една прилика за магазинот “Women’s Health“

5. Пронајдете начин вежбањето да ви стане рутина

Кога одам на некое приватно или службено патување обавезно со себе ги носам и моите тегови, па така и додека гледам телевизија можам да вебам, или пак едноставно се истегнувам после спиењеˮ- порачала звездата во магазинот“InStyle“ .

6. Прифатете го природниот процес на стареење и откријте ги неговите добри страни

„ Многумина забораваат дека се е во главата. Јас се чувствувам помладо и поубаво сега, отколку во времето кога имав дваесет и пет години ˮ.

7. Детоксикација

Ако сметате дека ви е потребно, одете на некоја терапија за детоксикација. Елиминирајте ги сите токсини, работете на себе, подарете си здраво тело ослободено од сите отрови и акумулираниот стрес од секојдневието.