Состојки:
  • 1 кг. интегрални тестенини
  • 2 главици карфиол
  • 2 големи чешниња лук
  • 2 филџани незасладено кокосово или соино млеко
  • од прилика 1 филџан деликатесен квасец

  • 2 лажици лимонов сок
  • 2 лажици соја сос
  • 2 лажици сол
  • 2 лажички чили во прав
  • 2 лажички куркума
  • 2 лажички сенф (по избор)
  • прстофат мелен црн пипер

Подготовка:

Сварете ги тестенините во посолена вода и исцедете ги. Карфиолот исечете го на половина и варете го во несолена вода околу 10 минути, додека не омекне. Потоа ставете го во блендер, додадете ги другите состојки и миксајте со голема брзина неколку минути, додека не се создаде мазна, кремаста смеса. Оваа смеса додадете ја во тестенините и добро измешајте.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина