Есента е годишно време кое изобилува со бројни вкусни плодови. Сезоната е за берба на јаболката, грозјето, но и на костените. Костенот е полн со витамини и минерали кои ги нема во другите јаткасти плодови. Добар е за вените и речиси воопшто не дебелее. Покрај, тоа има уште стотици фантастични лековити својства.

Костенот е единствениот јаткаст плод кој во само триесет грама содржи само грам масти и помалку од 70 калории. Освен тоа, тој содржи и витамин Ц, па така само 85 грама костени даваат 45 5 од дневните потреби од овој витамин. Богат е и со фолати, кои обично се наоѓаат во зелениот лисјест зеленчук, а не во јаткастите плодови и семиња. Го снабдува организмот со витамините Б1, Б2, Б6 и фолна киселина. Фолната киселина е важна за формирањето на црвени квни зрнца и за синтза на ДНК, па консумирањето храна која е богата со фолати спречува појави на аномалии кај фетусите.
Костенот е одличен извор и на влакна, што помага да се намали холестеролот. Со јадењето костени, во организмот се внесуваат и магнезиум, бакар, манган, калциум, фосфор, цинк и одредени количини на калиум (518 мг/100гр.). Калиумот е многу важен елемент, бидејќи го доведува во рамнотежа јивото на натриум, срцевите отчукувања и крвниот притисок. Магнезиумот и фосфорот се важни, пак, за метаболизмот на коските.

Без глутен

Како и лешникот и бадемот, така и костенот не содржи глутен. Поради тоа е популарен во исхраната на оние кои одбегнуваат глутенот. Анализирајќи го составот, видливо е дека има најголем процент на скроб, по што е повеќе сличен со компирот и пченката отколку со другите јаткасти плодови. Брашното од костен лесно се вари, а нема разлика дали ќе го јадете варен, печен или како пире. Во Италија, посебно во Тоскана, од брашното од костен подготвуваат колачи, сладолед, сладок леб, супи и сосови.

Народна медицина

Костенот помага кај бубрежни проблеми и проблеми со варењето, додека чајот од костен ги ублажува симптомите на астма и бронхитис. Важно е да се прави разлика помеѓу питомиот и дивиот костен. Дивиот не е за јадење, но е затоа многу лековит и се користи во облик на креми. Најпознат е во лекувањето на проширени вени и оштетени капилари. Се користи и за лекување на хемороиди, болни менструации како и во случаи на зголемена простата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина