Сурутката е производ од млекото кој низ историјата се користел многу повеќе отколку денес. Иако некои напредни земји, како што се Швајцарија и Исланд, ја користат како основа за правење разни пијалоци, во повеќето земји таа е заборавена исто како и нејзините бројни позитивни делувања кои ги има врз здравјето.

Нутритивни вредности

Сурутката е нутритивно исклучителна намирница, бидејќи содржи многу важни минерали – натриум, калиум, фосфор, железо, цинк, бакар, кобалт, желези и манган. Исто така ги содржи и витамините Б5, Б2, Ц и Б6, но и аминокиселини и белковини, а не содржи многу калории.

Највредна компонента на сурутката се секако нејзините протеини, а тоа најдобро го знаат спортистите и физички активните луѓе, бидеји тие му обезбедуваат на организмот високо ниво на енергија, ја забрзуваат синтезата на мускулните протеини, а со самото тоа и растот на мускулите и нивното брзо закрепнување по напор.

Идеален за постари лица

Истражувањата вршени на Бостонскиот универзитет покажале дека сурутката може да спречи остеопороза поради тоа што ги надоместува белковини, чиј недостиг доведува до значајно ретчење на коските. Затоа сурутката е идеален избор и за постарите луѓе. Им се препорачува и на трудниците, поради тоа што тие имаат зголемена потреба за белковини. Со оглед на тоа што сурутката има важна улога во организмот по напор, дава енергија, многу е важно да се ставо во секојдневната исхана.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина