Потребни состојки:

– Половина тиква со средна големина, исечена на коцки

1 млад лук (може и стар)

1 корен од ѓумбир, изрендан ситно

125 мл. кокосово млеко

пола лажичка лут мелен црвен пипер

малку мускатно оревче

кокосово масло, сол, црн пипер

за украсување: семки од тиква, магдонос или коријандер

Подготовка:

На 2 лажици масло се динстаат лукот, ѓумбирот и тиквата. Се додаваат 1,5 шолји вода, кокосовото млеко и мелениот лут пипер, солта, црниот пипер и мускатното оревче. Се остава да зоврие, потоа се намалува огнот и се остава да се вари околу 40 минути. Потоа се трга на страна и се се мати во блендер. Притоа се додава уште пола или цела шолја вода ако е потребно (зависи од густината). Се посолува по желба и се служи украсена со семки од тиква, свежи зачински билки или по желба.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина