Нашите предци го нарекувале Аспид камен и го сметале за волшебен камен. Сметале дека лекува рани, ја одржува младоста и им дарува живот на војниците кои го носат околу вратот како амајлија. За него пишувале алхемичарите и докторите Авицена и Парацелзиус, а приказните за Шунгитот се прераскажувале покрај огништата.

Првиот запис за употребата на Шунгитот и неговата сила се појавува во документите на царицата Ксенија Романова од 17 век. Додека била во прогонство во Република Карелија, се разболела од тешка болест и се мислело дека ќе умре. Селаните и го покажале изворот со чудотворна вода, која извирала од црн камен, а кои тие ја користеле за лекување од памтивек. Селаните ја нарекувале жива вода и таа ја излекувала Ксенија Романова, која набрзо потоа родила и здрав син, првиот руски цар од тоа семејство кој владеел 300 години со Русија. По тој настан, изворот го нарекле Царски извор, а неговите тајни и понатаму останале познати само за локалните жители.

Структурата на Шунгит

Во секој случај, тој минерал во основа е има многу специфична структура. Неговата старост е околу 2 милијарди години. Се состои од јаглерод (95%), силициум, алуминиум, калиум, железо, магнезиум, сулфур, калциум и многу други елементи во трагови. Науката утврдила дека шунгитот има необична и уникатна молекуларна градба со округла структура наречена фулерен (Ц-60). До неодамна фулеренот бил непознат, бидејќи минералите од јаглерод на Земјата имаат три облици – дијамант, графит и карбон. Така, четвртата алотропска модификација на јаглеродот, фулеренот, е составена од округли молекули со повеќе од 40 атоми јаглерод, чија окугла површина создаваат шестокругови и петокругови, токму налик на површината на една класична топка за фудбал. Секој шестокруг во таа структура неизоставно се граничи со три шестокруга и три петокруга додека секој петокруг се граничи само со шестокругови, создавајќи на тој начин многу силна врска. Интересно е што фулерените се откриени токму во научните лаборатории за време на моделирање на вселенските процеси, а дури подоцна во земјината кора. Научниците Роберт Ф. Сурл, сер Харолд В. Крото и Ричард Е Смајли во 1996 година добија Нобелова награда за хемија поради откривањето на фулеренот. Силните антиоксидативни својства на јаглеродот Ц-60 се неверојатни – тој е 260 пати посилен антиоксиданс од витаминот Ц. Го нарекуваат уште и супервитамин Е, бидејќи може да се стопи во масло и така да се консумира. Поради своите уникатни молекуларни структури, фулерените можат за себе да врзуваат дури и до 34 молекули слободни радикали без значајни промени во нивната структура. Така фулерените ефикасно ги отстрануваат оксидативните молекули врзувајќи ги за себе.

Уште една предност на фулерените е нивната нетоксичност. Фулерените како антиоксиданси победуваат разни болести кои настануваат токму поради преголемиот број слободни радикали во телото, па така и на ракот.

Важно е да се спомне и дека до сега фулерените се пронајдени исклучиво во Шунгитот, а што ги објаснува мистичните, натприродните и пред се лековитите својства кои му се припишувале во историјата.

Делување врз водата

Шунгитот ја чисти водата од сите штетни органски материи, бактерии, микроорганизми, нафта или пестициди. Исто така, тој ги отстранува и нитратите, нитритите, вишокот бакар, железо и магнезиум. Овој камен ја бистри водата, и дава посебен природен вкус и не и дава да се расипе. Вода ставена пред една година во тегла во која има минерал Шунгит, на собна температура (во лето повеќе од 30 степени), кога ќе се отвори е се уште мирисна и питка! Шунгитот ја заситува водата со соли на калциум, магнезиум, како и разни микроелементи до ниво прифатливо за човекот, а во исто време ги ревитализира ткивата, односно енергетиката на организмот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина