Научниците пресметале дека влијанието на стресот врз нашето срце е еднаков на штетното влијание на најмалку пет цигари дневно. Луѓето кои се под постојан стрес се изложени на поголем ризик од срцев удар и прерана смрт.. Ова го потврдува и истражувањето спроведено на Медицинскиот факултет при Универзитетот Колумбија, кое е објавено во списанито “American Journal of Cardiology”.

Научниците анализирале шест рани студии во кои пациентите биле испитувани како го перцепираат стресот. Некои од прашањата се однесувале на тоа колку испитаниците се почесто под стрес или колку е тој силен. Групите биле поделени во оние со високи и оние со ниски бодови за стрес, а потоа сите испитаници биле следени 14 години со посебен нагласок на бројот на срцеви удари. Оние кои биле најмногу под стрес имале за 27% поголема веројатност да доживејат срцев удар. Влијанието од стресот е толку силно, што научниците го споредуваат со пушењето на повеќе од пет цигари на ден. Тоа е, исто така споредливо со 2,8 mmol/l пораст на ЛДЛ холестеролот и на 2,7/1,4 mmHg зголемување на крвниот притисок.

Стресот стана наше секојдневие. Невозможно е да се одбегне во целост, но она што можете да го направите е да го намалите или полесно да го поднесувате. Ви претставуваме неколку најлесни начини со помош на кои ќе се ослободите од стресот.

  1. Дишење
    Дишењето е најлесниот и најбрз начин за ослободување од стресот. Неопходно е да научите да дишете правилно, со полни бели дробови и од стомакот. Само на овој начин сите клетки на вашето тело ќе ја добијат потребната количина на кислород и со самото тоа ќе придонесете за целокупното здравје на телото и духот.
  2. Исчистете ја куќата
    Голема генералкаво домот влијае поволно врз стресот. Ќе потрошите многу енергија во раскревањето на работите, во чистењето и бришењето, а по завршувањето ќе почувствувате задоволство.
  3. Јадете овошје и зеленчук
    Свежиот зеленчук е извор на здравје и помага во борбата со стресот. Во секојдневната исхрана додадете ги и овошјето и природните овошни сокови без шеќер. Зголемете го внесувањето на брокула, компир, авокадо, бадеми, фстаци, ореви, портокали, мандарини, лимони и друго цитрусно овошје.
  1. Витамини и минерали

    Против стресот поволно делуваат витамините Ц, Е, Б и минералите магнезиум и фолна киселина. Особено преку летото треба да го зголемите внесувањето на витамините и минералите.

  2. Прошетка
    Лесната прошека во попладневните часови ќе влијае позитивно во борбата против стресот и ќе ви овозможи убав сон. Дваесеттина минути прошетка ќе биде доволно и ќе придонесе за вашето здравје, виталност и поубаво расположение.
  3. Чај
    Веќе е познато дека чаевите имаат благопријатно дејство врз организмот. Стручњаците советуваат една шолја млак чај секое утро на празен желудник. Ритуалот на пиење чај е смирувачки сам по себе, а ние ви предлагаме чај од нане, камилица, валеријана, ѓумбир и други.
  4. Јога
    Јогата е една од водечките активности, која се покажала како позитивен ефект кога се работи за намалувањето на стресот. Освен што ја одржува вашата линија витка и има позитивно влијание врз телото и духот, таа има и позитивен ефект врз стресот. Па така истражувањата покажуваат дека оние кои се занимаваат активно со јога се далеку помалку под стрес и полесно го поднесуваат.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина