Последните научни докази откриваат дека стомакот е многу повеќе од микробиота или живеалиште на микробите, некогаш познато под името ,,микрофлора,,. Во цревата и желудникот се крие сложен универзум, кој влијае на нашето расположение, болести и вишок килограми, а наскоро овие спознанија можат да вродат и со нови психотерапевтски правци.

Да се потсетиме, цревата кај возрасен човек досегаат должина од седум метри и со својата површина можат да прекријат еден цел тениски терен. Што е уште поинтересно, содржат подеднаква количина нервни клетки како и рбетниот мозок. Овие неврони го штитат системот за варење и комуницираат со мозокот по пат на вагусниот или т.н. талкачки нерв. Со изменувањето информации преку овој нерв, мозокот го открива и го анализира функционирањето на повеќе од стотици милијарди бактерии, кои се за десет пати повеќе од сите клетки во нашето тело.

 

За што служи микробиотата?

 

Долго време се верувало дека бактериите од дигестивниот систем се патогени, но напротив. Тие помагаат во апсорпцијата на хранливите материи, овозможуваат производство на некои витамини, учествуваат во работата на цревната мукоза и имаат важна улога во функционирањето на одбранбените механизми во организмот. Секој од нас има единствена микробиота или дигестивна флора. Во едно европско истражување анализирале стотици индивидуални примероци и откриле дека микробиотата со раѓањето се наследува од мајката, а потоа се развива во текот на првите две години од животот во зависност од нашето наследство, надворешните влијанија и прехранбените навики.

Количината на микробиоти зависи од подрачјето во кое живееме, а исто така и од стилот на живеење. На пример, во цревата на еден просечен човек од Запад има помала бактериска разновидност отколку што има во дигестивниот систем на еден Африканец или Австралијанец. Едноличната исхрана, недостигот на влакна, честото консумирање лекови, начин на  спроведување хигиена. Ова се само некои од причините поради кои одделни бактерии преживејале, а други изумреле. Не сме ни свесни дека со нарушувањето на рамнотежата на нашата микробиотика предизвикуваме многу сериозни последици.

 

Состојбата во стомакот

 

Состојбата во стомакот директно се одразува на здравјето. Нашето расположение, на пример, во голем дел зависи од цревата, во кои настанува 95% сератонин, неврорансмитер кој е поврзан со појавата на анкциозност, стрес, депресија и други душевни состојби. Неколку истражувања вршени над глувци, кои консумирале пробиотици (живи микроорганизми, како бактерии или габи) покажале мала склоност кон депресивно расположение. Пробиотиците делувале на мозочните неврорецептори кои се поврзани со настанокот на анкциозност и депресија, со што делувале на расположението кај лабораториските глувци.

Едно истражување спроведено од страна на група фински научници над луѓе, покажало дека консумирањето јогурт богат со пробиотици предизвикува активација на одделни центри во мозокот. Со оглед на тоа што комуникацијата помеѓу мозокот и стомакот е константна, докторите ќе мора да ги ревидитираат своите ставови за одделни болести, како што е синдромот на иритабилни црева, кој најчесто ги погодува жените, а се манифестира како необјаснива болка во абдоменот.

Стручњаците на подрачјето на неврогастроентерологијата верувале дека синдромот на иритабилно црево е од психолошки карактер, а сега имаат потврда дека го предизвикува органската хиперчувствителност. При негово лекување многу поефикасна од антисмазам се има покажана хипнотрапијата, што е уште еден доказ дека постои поврзаност помеѓу мозокот и стомакот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина