dezedoransi_nas_1

Човековото тело се поти со причина, а годишно трошиме огромни суми на пари за да ја запреме оваа пот или пак да ја прикриеме нејзината миризба. Меѓутоа, ако ги користите секој ден и тоа веќе со години, морате да ги прочитате следниве неколку факти за дезедорансите…

Мирисите постојат од дамнешни времиња

Според њујоршки „Тајмс” , древните Еѓипќани ги изумила купките и нанесувањето на парфемите. Првиот дезедоранс под заштитен трговски знак настанал 1888 година и се викал „Мама”, а првиот антиперспирант се викал „Евердрај“ и се појавил 15 години подоцна.

Дезедорансот ги убива бактериите

Потта сама по себе не мириса. Во суштина, таа е скоро без мирис. Лошата миризба ја предизвикуваат бактериите кои разградуваат еден од два вида пот на кожата. Дезедорансите содржат некои антибактериски супстанци кои ја спречуваат појавата на непријатни мириси. Антиперспирантите работат на база на запирање на потта.

Можете да станете имуни на својот антиперспирант

Се чини дека со текот на времето телото се навикнува на одреден антиперспирант кој се труди да го спречи потењето, но сеуште со сигурност не се знае зошто доаѓа до тоа.

Доколку сакате вашиот дезедоранс да биде делотворен и да служи за намената за која сте го купиле, најдобро е да ја менувате марката на секои шест, советува дерматологот Хан Ли, од Универзитетот Калифорнија.

Дезедорансот не ги разликува мажите од жените

Интересен е фактот дека жените имаат повеќе жлезди кои произведуваат пот отколку мажите, но машките жлезди произведуваат повеќе пот. Посебните дезедоранси за мажите и жените всушност се маркетиншки трик. Утврдено е дека стиковите за мажи и жени ја содржат воглавно истата активна материја и тоа во истата количина. Ова било објавено во магазинот “Discovery Health”. Разликата е единствено во амбалажата и мирисот. Меѓутоа, повеќето луѓе сеуште паѓаат на овој маркетиншки трик..

Не му е на секому потребен дезедоранс

Маркетиншките стручњаци направиле прилично добра работа во уверувањето на луѓето дека лошо мирисаат и дека од оваа миризба ќе се решат токму доколку ги употребуваат нивните производи. Меѓутоа, повеќето луѓе не мирисаат онолку колку што мислат дека мирисаат. Освен тоа, постојат луѓе, кои благодарение на своите гени, воопшто немаат непријатен мирис. Доколку избегнувате да користите дезедоранс 10 дена, можете да го откриете вашиот вистински мирис.

Дезедорансот нема да ги спречи жолтите дамки од пот на облеката

Теоријата е дека алуминиумот во антиперспирантите на одреден начин реагира на потта, кожата, облеката, детергентот за перење алишта или на сите нив заедно, што доведува до дамки. Единствен начин за да се спречи тоа е од употреба да се исфрлат производите кои содржат алуминиум.

Можете сами да си направите дезедоранс

Постојат бројни растителни масла и екстракти кои содржат антибактериски својства, а кои можете сами да си ги набавите, па така релативно лесно можете и сами да си направите свој производ за елиминирање на непријатните мириси.