За сите спортисти, па така и за фудбалерите, исхраната е многу важна и треба да и се посвети доволно внимание. Околу тоа се грижат нутриционистите кои одредуваат каков вид на храна треба да се консумира. Секако дека таа треба да се разликува од храната што ја јадат другите луѓе, како на пример оние чија професија е врзана за канцеларија, каде што не постои некој посебен физички напор,туку само интелектуален.

futbal naslovna

Спортистите се физички оптоварени и за време на тренинзите и натпреварите, каде што се исцрпуваат и трошат многу калории кои треба да ги надокнадат преку исхраната. Колку калории ќе потрошат, зависи од напорите кои ги вложиле тој ден на тренингот или натпреварот, но за период од 24 часа може да изгубат меѓу 4500 и 5000 калории.
Затоа, пред секоја физичка активност треба да се внесува калорична храна која ќе го надомести губењето на енергијата на телото при физички напор. Многу е важно пред самиот натпревар или тренинг, исхраната да биде правилна за со тоа да се смири стомакот, да се спречи гладта и да се обезбеди доволно енергија.

Исхраната треба да биде распоредена во 3 до 5 оброци дневно. Оброкот за спортистите пред физичка активност мора да биде богат со јаглехидрати. Треба да се внесуваат масти и протеини, но не во големи количини.
Јагленохидратите со низок хемиски индекс, како што се житариците , обезбедуваат рамномерен доток на глукозата во крвта. Глукозата не би требало да биде зголемена, туку во границите на нормалата, а нејзиното зголемување може да предизвика зголемена консумација на чоколади и производи кои содржат бел шеќер, затоа што негативно влијаат на натпреварувачката способност на спортистите.
Бидејќи спортистите имаат зголемен интензитет во текот на играта, доаѓа до исцрпување на глукозата во мускулите. Кога доаѓа до намалување на нивото на глукоза во мускулите, фудбалерите чувствуваат замор и како резултат на тоа, побавно се движат и трчаат, и со самото тоа постигнуваат полоши резултати на теренот, што секако не е цел на ниту еден вистински спортист. Затоа, треба да се внимава на исхраната и на внесувањето правилна храна во организмот. Исто така, не се препорачува да се консумира било каква храна 2-3 часа пред натпревар или тренинг.

Многу е важно фудбалерите да внесуваат доволни количини на течности бидејчи во текот на натпреварот се трошат резервите на течности во организмот, што може да доведе до дехидрација на организмот. Дневната доза на внесени течности треба да биде од 2 до 2.5 литри, во вид на чај, млеко, супа, 1.5 литар вода и негазирани сокови. Газирани сокови не се препорачуваат.
Храната која треба да ја консумираат спортистите е бел и црн леб, месо, риба, млеко, јајцата се исто така важни, но не повеќе од 2 жолчки дневно (белки може и до 10 дневно). Се препорачува и компир бидејќи е богат со јаглехидрати, но не повеќе од 300 грама дневно, како и зелена салата во истата количина.

После натпревар, многу е важно да внесувате течности кои се богати со јаглехидрати, во количина до 500 грама, за да се надокнади залихата на глукоза во мускулите.