Лебот за многумина е омилена намирница, без која не можат да го замислат денот. Но, исто така, оваа јагленохидратнта бомба доаѓа во многу различни облици, од кои некои се шттени за нашето тело и линија. Дознајте што ќе се случи со вашето тело ако од исхраната во целост го исфрлите белиот леб.

 

Ќе ги исфрлите килограмите предизвикани од водата

 

Лебот е преполн со јагленохидрати, а наглото исфрлање на истите од прехранбените навики на телото веднаш ќе се забележи, и тоа во облик на губење на вишокот килограми. Но, не се работи за инстант слабеење, туку за губење вода која се насобира во телото. Телото ги складира јагленохидратите во облик на гликоген, млечна киселина која ја собира водата. Секој грам јагленохидрати задржан во телото задржува и врзува три до четири пати повеќе вода од својата тежина.

Нема повеќе да бидете постојано гладни

 

Преработените јагленохидрати, со кои излобилува белиот леб, во организмот предизвикуваат нагло зголемување на шеќерот во крвта, кој потоа веднаш паѓа. Овие луди промени испраќаат до мозокот нејасни сигнали, кои го зголемуваат чувството на глад и копнежот по храна, поради што и се дебелееме.

Но, тоа не значи дека од исхраната во целост да го исфрлите белиот леб, туку празните калории и белиот леб треба да го замените со оној направен од житарки од цело зрно, кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

Енергијата ќе ви порасне, а варењето ќе ви се подобри

 

За разлика од интегралниот или црн леб, белот леб не содржи влакна, кои се и тоа како потребни за нормална работа на цревата и за варењето. Таквата храна доведува до запек и проблеми со варењето.

Откако ќе го исфрлите белиот леб од менито и ќе внесете житарки од цело зрно, варењето ќе се олесни и подобри.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина