Едно најново истражување покажало дека постојаните мали лаги можат да го променат начинот на кој одредени делови од мозокот, кои се поврзани со негативните емоции, реагираат на лага, намалувајќи ја попатно чувствителноста на нашиот мозок и поттикнувајќи се поголеми лаги во иднина. Студијата која  била објавена во списанието Nature Neuroscience, е прв емпириски доказ кој јасно зборува дека ситните лаги можат постапно да доведат до поголеми лаги. Освен тоа, ова е првото истражување кое подлабоко се загледало во реакциите на мозокот на постојаната и се поголема нечесност.

Кога лажеме од користољубивост, нашата амигдала произведува негативно чувство, кое го ограничува опсегот во кој сме подготвени да лажеме. Меѓутоа, таа реакција е се послаба како што повеќе лажеме, и колку е послаба, толку се поголеми нашите лаги. Тоа може да доведе до ,,лизгав терен,, каде малите дела на нечесност ескалираат во се позначајни лаги.

Мозокот брзо се навикнува на лага

Во студијата зеле учество 80 доброволци. Учсниците во тимска задача погодувале колку парички се наоѓаат во каса и таа проценка им се испраќала преку компјутер на партнерите кои не гледале. Истражувачите на учесниците им претставувале различни сценарија, кои можеле да влијаат на нивната проценка. Како основно сценарио им било кажувано дека ќе имаат полза од преголемата и од премалата проценка на паричките и тие и нивните партнери. Во други сценарија им било кажувано дека тие ќе имаат полза на штета на партнерите од преголемата или премалата проценка на паричките, дека нивниот партнер ќе има полза на нивна штета или дека еден од нив ќе има полза, а дека другиот нема да има никакви последици.

Истражувачите забележале дека учесниците почнале да претеруваат во своите проценки во сценариото кога преголемата проценка ќе им донесе полза на сметка на нивниот партнер. Тоа претерување во проценките предизвикало силен одговор во амигдалата. Но, со оглед на тоа дека продолжило претерувањето во проценката за време на студијата, реакцијата на амигдалата станувала се послаба.

Овие резултати покажуваат дека амигдалата сигнализира одбојност кон делата кои се сметаат погрешни или неморални. Меѓутоа, повторувањето на таквите дела на непочитување може да поттикне уште послаба реакција на мозокот, што ќе го намали и емоционалниот одговор кон нечесните дејства.

 

Тагови: мозокплажа
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина