Состојки:
  • 200 мл. кисела вода
  • 8 лажици брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 4 лажици ајвар
  • 1/2 лажички сол

 

Фил:

 

  • посен мајонез

  • растителен кашкавал

  • 2-3 кисели краставички

 

Подготовка:

 

  1. Соединете ги со лажица сите состојки за кората и ставете ја во плех во кој имате ставено хартија за печење и печете ја на 200 C.
  2. Испечената кора извадете ја од плехот и завиткајте ја во влажна крпа.
  3. Изладената кора премачкајте ја со мајонезот, изрендајте врз него од кашкавалот, ставете ги исечканите краставички и завиткајте ролат. Намачкајте го ролатот со мајонез и одозгора наросете со рендан кашкавал.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина