Се до неодамна научниците веруваа дека исклучива цел на машкото семе е да обезбеди хранливост и заштита на спермата на нејзиниот пат кон оплодувањето на женските јајце-клетки. Но, најновите истражувања укажуваат дека спермата игра и важна улога во психичкото здравје на жените и нивното психичко здравје и расположение, пред се во борбата со депресијата.

Спермата содржи само околу 3% сперма, а остатокот отпаѓа воглавно на течност и на други 50 соединенија како што се шеќери, имуносупресиви, два женски хормони и многу хеиски соединенија кои влијаат на расположението: ендорфин, естроген, пролактин, окситоцин и сератонин. Од друга страна, вагиналното ткиво, кое е полно со крвни и лимфни вени, има голема моќ на апсорбирање на материите. Доведувајќи ги во врска овие два факта, Гордон Галуп, Ребека Бурх и Стивен Платек одлучиле да испитаат колкаво влијание за подобра расположеност има спермата врз вагината односно на намалувањето на нивото на депресија, пишува порталот Psychology Today.

Постојано, често и повремено користење на кондоми

Анкетата ја имаат спроведено врз 293 студентки на Универзитетот SUNY во Олбани, САД, кај кои им ги испитувал личните навики во сексуалните односи. Потоа ги подоложиле на стандарден тест за испитување на расположението. Се покажало дека оние девојки кои во своите сексуални односи не дозволувале употреба на кондоми, за разлика од оние девојки кои ,,секогаш,, или ,,често,, инсистирале на негова употреба, имале подобро расположение и помалку симптоми на депресија. Споредувајќи ги жените кои не дозволувале употреба на кондоми, со оние кои воопшто немале сексуални односи, се покажало дека првите имале далеку подобро расположение, со многу помалку случаи на болување од депресија. Оние девојки кои ,,секогаш,, или ,,често,, имале односи со заштита, 205 навеле дека имале суицидални мисли, додека оние девојки кои тоа го правеле ,,понекогаш,, 7% од нив имале мисли за самоубиство. Оние жени кои не дозволувале користење на кондоми, само 5% од нив помислувале на самоубиство.

Освен хемиските соединенија кои делуваат поволно на расположението, спермата содржи и два женски хормони фоликули – стимулирачки хормон (ФСХ), кој го поттикнува созревањето на јајце-клетките, и лутеинизирачки хормон (ЛХ), кој ја поттикнува овулацијата. Наизглед збунувачко својство, но од еволутивно гледиште има сосема разумно објаснување.

Спермата со повеќе женски хормони е ,,поуспешна,,

Кај мажјаците на нашите најблиски биолошки роднини, шимпанзата, спермата не содржи ни ФХС ни ЛХ, но затоа женските еволутивно се прилагодиле со црвените позадини како сигнал со кој покажуваат дека се репродукциски подготвени. Кај жените, репродуктивната подготвеност е обележана со овулацијата, за која мажите не се свесни. На оние мажи чија сперма содржи повеќе женски хормони им се дава мала ,,репродуктивна предност,, над оние кои имаат помалку од овие хормони, бидејќи нивното семе ја поттикнува овулацијата, па од тука има поголема шанса нивните сперматозоиди да оплодат јајце-клетка.

Секако, ова откритие за тоа дека спермата делува поволно на расположението на жените никако не значи дека понежниот пол треба да се впушта во сексуални односи без да користи заштита и да се изложи на непланира на бременост или полови болести. Најновата научна констатација во обзир посебно треба да ја земат жените по 50-та година од животот, кои неретко доживуваат постменструални потешкотии.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина