Сите козметички производи, од основата до пудерот содржат голем број хемикалии. Начинот на кој некој од нив влијаат на кожата може да доведе до нејзина сувост, лупење, па дури и алергиски реакции. Уште повеќе загрижува податокот дека овие хемикалии можат да продрат длабоко во подлабоките слоеви на кожата и да навлезат во нашиот крвоток. Ако тие се токсични, тогаш хроничната изложеност може да претставува сериозен здравствен ризик. Шминката веќе некое време е реална опасност. Бројни истражувања покажале дека одделни козметички производи имаат недозволени количини олово. Ова се некои од најштетните хемикалии во козметичките производи кои ги открила една студија направена од страна на Фондот за рак на дојката:

Кадмиум

Ова е мек метал кој е поврзан со престанокот на работата на бубрезите, болести на коските, па дури и ракот. Истражувачите веруваат дека оваа хемикалија станува токсична во значително мали количини од оние кои ги препорачува Светската здравствена организација.

Толуен

Толуенот е разредувач кој може да го оштети невниот систем и да доведе до невролошки нарушувања, како што е деменцијата. Пронајден е во неколку производи за нокти, но и во одделни бои за коса.

Бензофенони

Оваа хемикалија воглавно се користи во базите со цел да не заштити од штетните УВ-зраци. Меѓутоа, натписот објавен во списанието “Дерматитис” тврди дека бензофеноните можат да доведат до алергиски реакции, како што се осипи, но и да предизвика анафилактички шок. Најчесто можат да се најдат во балсамите за усни, лаковите за нокти, мирисите, шампоните и спрејовите за коса.

Парабени

Овие хемикалии им се додаваат на козметичките производи за да спречат размножување на бактериите. Но, едно истражување пронашло присуство на овие хемикалии во ткивото на ракот на дојката. Воглавно се користи во парфемите, но може да се најде и во шампоните и лосионите.

Олово

Тежок метал присутен во голем број козметички производи, оловото е многу токсично ако стигне Во крвотокот. Може да предизвика невролошки проблеми, неплодност и рак. Најчесто може да се најде во кармините, маскарите и боите за коса.

Талк

Овој минерал се користи најчесто во пудрите. Во некои случаи може да биде контаминиран со азбест, кој е познат канцероген, постојат голем број студии кои го поврзуваат талкот со ракот на јајчниците, судејќи според истражувањето објавено во Евроспкиот журнал за превенција на ракот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина