Артроскопија на коленото е операција при која со неколку мали резови се влегува во зглобот и со тоа поблиску се прегледуваат структурите во внатрешноста на зглобот или да се изврши операција без притоа да се отвора зглобот. Таа се изведува со мала камера прицврстена на цевче и со други инструменти, додека сликата се проектира на екран. Се користи за дијагноза или операција на колено.

Некои од операциите кои се вршат со овој метод можат да бидат:

  • остранување на искршени делови од рскавицата
  • отстранување или шиење на менискусот
  • реконструкција на оштетени лигаменти
  • корекција на фрактури на површина на коските во зглобот

 

Артроскопијата му овозможува на хирургот подобро и појасно да ги прегледа структурите на коленото и да изведува операција без поголеми рзови или отворање на коленото. Таа се изведува бидејќи, за разлика од другите методи, со неа се оневозможуба поголемо оштетување на ткивото, но и се забрзува процесот на закрепнување.

Како изгледа операцијата?

За да се изведе артроскопија на коленото, докторот треба зглобната капсула да ја наполни со стерилен физиолошки раствор поради кој таа ќе се растегнува. Потоа хирургот ќе направи до 4 помали резови во делот на коленото. Низ тие резови потоа во зглобната капсула воведува атроскоп и други инструменти. Со оптичкиот систем кој се наоѓа на артроскопот сликата се пренесува на екран, на којшто хирургот ја гледа внатрешноста на зглобот. Тоа му овозможува да ги изведува потребните зафати.

Можни компликации од артоскопијата

Денес, ризиците од артоскопијата се минимални. Речиси единствена и најчеста омпликација е инфекцијата на коленото. Сепак таа инциденција е помала од 0.1%. Ако се појават некои од овие знаци по операцијата, веднаш обратете се на доктор:

  • многу црвено и врело колено
  • силна болка која не престанува ни по земањето лекови
  • отечено колено
  • зголемена болка во листот
  • болка во градите или недостиг на воздух
  • температура и треска

 

По артроскопијата мора веднаш да се започне со физикална терапија, со цел побрзо пациентот да може да им се врати на секојдневните активности или спортски активности.

Во терапијата се користат кинезиотераписки вежби, кои служат за зголемување на опсегот на движење и веби за силината. Фокусот е ставен на мускулите на оредната страна на натколеницата и на мускулите на колкот. Се користат и вежби за рамнотежа и стабилност, како и вежби кои ги стимулираат секојдневните активности на пациентот.

Фази на рехабилитација
  1. Фаза: 1-2 недели

Во првите недели потребно е да се ублажи болката и да се намалат отокот, црвенилото и хематомот. Во овој период треба да се зголеми подвижноста со пасивни и активни вежби.

  1. Фза: 3-6 недели

Во оваа фаза главната цел е постигнување подвижност на коленото и оптоварување. Во овој период започнуваат вежбите на велосипед, каде интензитетот и траењето на вежбите траат малку подолго и полека се зголемува тоа време. Се препорачува почесто одење по скалила.

  1. Фаза: 7-12 недели

Целта на оваа фаза е зголемување на оптоварувањето, се прават вежби за координација и јакнење на мускулатурата. Се започнува со вежби од т.н. затворен кинетички синџир, како што се чучнувањата и степерот. Вежбите како што се кревање на испружената нога без ортроза не смеат да се прават во првите 3 месециод закрепнувањето.

  1. Фаза: 3-6 месеци

Во овој период целта е целосно враќање на пациентот на спортските активности. Се вежбаат комплексни контракции, специфични вежби со оглед на спортот. Враќањето на вежбањето е индивидуално и зависи од видот и нивото на спортот како и од активната и пасивната стабилност и сила.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина