Сладоледот е одличен за здравјето
Кога би требало да одберете храна која е совршена за жешките летни денови, што би било тоа? Се разбира, сладоледот! Летниот десерт кој изобилува со разновидни вкусови на многумина им е омилен во врелите денови. Покрај освежувањето и преубавиот вкус, сладоледот има и некои поволности врз нашето здравје. Имено, тој е богат со калциум, витамини и антиокиданси, а иако многумина сметаат дека придонесува за дебелеењето, истражувањата покажуваат сосема спротивно нешто на тоа. Затоа, уживајте во омилениот вкус на сладолед, без страв дека тоа ќе му наштети на вашето здравје.
Богат извор на калциум
На возрасен човек дневно му се потребни околу 1.000 мг. калциум, додека трудниците и децата имаат зголемена потреба за овој витамин. Поради млекото и слатката павлака како основни намирници во производството на сладоледите, оваа намирница добро ќе послужи како еден од изворите на калциумот, кој е многу важен, пред се за здравјето на коските.
Богат извор на антиоксиданси и витамини
Овошниот сладолед, кој се подготвува од смрзнато овошје или свеж сок, содржи во себе многу витамини, посебно витаминот А, кој е важен за здравјето на видот и кожата, но и витамин Ц, кој го јакне имунолошкиот систем. Од друга страна, сладоледот со вкус на кафе и чоколада, ако навистина е подготвен од зрна кафе и какао, ја обезбедува потребната доза на антиоксидансите полифеноли, кои го штитат срцето и крвните садови.
Исто така, овој вкусен десерт содржи и многу витамин Д, кој ги јакне коските и го намалува ризикот од бројни сериозни болести, како и витамин Е, со чие редовно консумирање се намалува ризикот од некои малигни тумори, кардиоваскуларни болести, а влијае и врз забавување на стареењето на организмот. Покрај тоа, сладоледот содржи уште и витамини Б6, Б12 и К.
Богат извор на минерали
Освен калциум, со кој изобилува, сладоледот е богат извор и на фосфор, кој ги спречува честите промени на расположението, па дури и го инхибира дејството на ПМС. Сепак, иако може да помогне во ублажување на симптомите и тегобите на ПМС, сладоледот треба да се одбегнува во текот на ,,оние денови,, бидејќи млечните производи се полни со масти и имаат ист ефект како и масното месо, односно можат да ја направат менструацијата неподнослива. Ако, пак, не можете да му одолеете, за време на циклусот консумирајте сладоледи без млеко и без додаток на шеќер.
Ослободува од стрес и ја елиминира несоницата
Сладоледот го стимулира мозокот и ефикасно го намалува нивото на стрес и помага да се опуштиме. Ако страдате од несоница, овој вкусен десерт може да помогне да се изборите со инсомнијата и полесно да потонете во сон.
Одличен извор на енергија
Сладоледот содржи многу калории, но истовремено е и многу хранлив, бидејќи содржи многу витамини и минерали, па е одличен извор на енергија, која е неопходна за да се издржи напорниот и врел ден. Сепак, внимавајте да не изедете големи количини, за да не ја претворите таа енергија во несакан вишок килограми.
Помага во одржување н телесната тежина
Иако звучи неверојатно, сладоледот може да помогне во одржување на посакуваната тежина. Некои студии покажале дека калциумот со кој изобилува, условно ја намалува калориската вредност на сладоледот, која изнеусува помеѓу 125 и 300 калории на 100 грама. Тоа никако не значи дека со него се слабее, туку дека ова е ,,помалку опасен,, десерт за линијата, во однос на другите десерти.