Како што поминува времето, така почнуваат да слабеат и виталните функции, па и видот. Стареењето е природен процес, но постојат начини како да си го олеснеме овој процес и подолго да го одржиме своето здравје и вид, и тоа се со помош на храната.

Се се менува како старееме

Иако здравствените проблеми ги напаѓаат подеднакво сите луѓе, статистиката покажува дека жените постари од педесет години се посклони кон здравствени проблеми. Видот е оној кој нагло слабее, а менувањето на исхраната може да го подобри.

Крвен притисок

Крвниот притисок е прв кој се влошува со годините, и тоа влијае на ретината. Земајќи во обзир дека ретината бара многу кислород, крвниот притисок влијае на количината кислород и влијае на видот. Докажано е дека лукот го намалува крвниот притисок, а со самото тоа и количината кислород која доаѓа до ретината.

oko1

Холестерол

Според студијата од медицинскиот факултет Харвард, понискиот холестерол го намалува ризикот од макуларна дегенерација. Маснотијата која се депонира под ретината може да предизвика слепило. Само половина чешне лук изедено дневно е доволно за намалување на нивото на холестерол. Лукот е евтин, пристапен и го има во текот на целата година. Топло препорачуваме да го вклучите во секојдневната исхрана.

Бета каротен

Морковот е одличен извор на бета каротен, кој му помага на видот. Во телото тој се претвора во витамин А, нутриент кој спречува многу болести на очите. Многу луѓе кои страдаат од недостиг на витаминот А имаат често проблеми со матен вид, суви очи и ноќно слепило.

Омега – 3 масни киселини

Познато е дека лососот е богат со сите видови омега – 3 масни киселини. Според истражувањата, овие масни киселини се одлични за видот. Тие го намалуваат очниот притисок.

Бобинки

Бобинките го забавуваат процесот на стареење на очите и неговите нус-појави, како што е мрежата на очите. Ова се случува поради високата концентрација на антиоксиданси што овие овошја ја имаат.
oko4

 

Зелен  зеленчук

Овој зеленчук содржи високи нивоа калциум, витамини А, Б12 и Ц. Зелената салата, спанаќот, кељот и брокулата им обезбедуваат на очите неопходни минерали и витамини, а исто така и антиоксиданси. Тие спречуваат дегенерација на очите и ја штитат мрежницата од УВ зраците.

Јаткасто овошје

Оревите се богати со омега – 3 масни киселини, а бадемите се богати со витаминот Е, кој е одлична превенција од катаракта.

oko51

Домати и пиперки

Доматите содржат голема концентрација на витаминот Ц, ликопен и лутеин, а пиперките се богати со витамин Ц, па затоа се одлично за превенција од катаракта и очни инфекции.

Тиквички и авокадо

Тиквичките содржат многу антиоксиданси, лутеин и зеаксантин. Авокадото содржи голема концентрација лутеин од кое било друго овошје. Овие две намирници ги штитат очите од дегенеративни болести и катаракта.

Билки
Ако сакате да ги спречите низата дегенеративни промени на мрежницата, гинко билобата се смета за еден од најдобите природни лекови. Оваа билка делува така што ја подобрува очната циркулација и пренесувањето на поголема количина хранливи супстанции до самата мрежница.

Друго
Во современиот начин на живот долготрајното и непрекинато гледање во телевизор, монитор, екран од мобилен телефон или некој друг дисплеј може да ги умори очите и да им наштети. Затоа се препорачува почесто одморање на очите и престој во природа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина