Нутриционистите тврдат дека на врвот на листата од 24 видови овошја со најсилно антиоксидативно делување, се наоѓа токму сливата. Сувата слива во однос на другите суви овошја има двапати посилна антиоксидативна моќ. Во состав на сувите сливи се наоѓаат концентиран сорбитол и влакна, кои им даваат поголем лаксативен ефект во однос на свежите сливи. Една слива содржи 84% вода, 0,6% протеини, 10% јагленохидрати и 2,1 грама влакна. Покрај тоа, содржат и витамини А, Ц и Е, калциум, магнезиум и калиум. И свежите и сувите сливи претставуваат вистинска мала ризница од калиум, влакна, витамини, а во трагови може да се најдат и магнезиум и железо. Во каков и да е облик, ова овошје е исклучително богато со единствените фитонутриенти, како и со неохлорогенска и хлорогенска киселина – супстанции кои му припаѓаат на семејството на феноли, чија антиоксидативна улога е потврдена во разни научни истражувања.

Каков ефект има врз организмот ова овошје ако се консумираат по пет на ден?

 

1) Го намалува нивото на шеќер во организмот

Сливите се поврзуваат со нискиот гликемиски индекс, што значи дека можат да помогнат во контролата на нивото на шеќерот во крв и намалување на ризикот од типот на дијабетес тип 2.

 

2) Ја подобрува меморијата

Ако се консумираат пет сливи на ден, организмот ќе се ослободи од негативното дејство на слободните радикали, кои влијаат лошо врз помнењете и меморијата.

 

3) Го штити срцето

Една свежа слива во просек содржи 113 мг. калиум. Овој минерал помага при контрола на крвниот притисок, а со тоа го намалува и ризикот од мозочен удар.

 

4) Го подобрува и штити целиот дигестивен систем

Сувите сливи се одличен начин за да се забрза варењето. Еден од начините за да ги јадете во текот на целата година е да ги потопите сувите сливи во свежо провриена вода, да ги оладите и потоа замрзнете.

 

5) Ги јакне коските

Истражувачите од Универзитетот во Флорида 12 месеци тестирале две групи жени во постменопауза. Едната група жени јаделе 100 гр. суви сливи дневно (околу 10 сливи), а другата група јадела 100 гр. сушени јаболки. Двете групи консумирале калциум и витамин Д како додаток. Резултатите покажале дека групата која јадела суви сливи имала значително поголема густина на коските на рбетот и подлактиците.

 

6) Го подобрува здравјето на очите

Сливите се многу важни за поздрави очи. Фитонутриентите кои се наоѓаат во сливите можат да го намалат ризикот од настанок на макуларна дегенерација или жолти дамки, обојувања кои воглавно ги напаѓаат постарите луѓе.

 

Замрзнати до три месеци

Замрзнати, сливите, по правило, можат да се чуваат во замрзнувач најмногу три месеци. Пред да се замрзнат, треба да се преполоват и да им се отстранат семките. Така преполовени се редат на чинија со лушпата свртени надолу, па дури потоа се замрзнуваат. Се ставаат во пластични кесиња и пак се враќаат во замрзнувачот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина