Некои нешта, како по правило, за жал, секогаш се случуваат. Без разлика на тоа колку редовно вежбаме, порано или подоцна од некоја причина ќе мора да направите пауза. Прескокнувате еден ден од тренингот, па следниот, па потоа си велите дека ќе можете да продолжите со вежбањето од следниот понеделник. Секако, паузата од еден или два дена е добредојдена, бидејќи така им давате на своите мускули можност да закрепнат, но што се случува кога ни по една недела или две се уште немате почнато да вежбате? Дали сте свесни дека сето она што сте го постигнале едноставно го уништувате и сега не ви преостанува ништо друго туку да почнете се одново?

Општо правило е дека колку повеќе сте во подобра форма, толку на вашите мускули ќе им биде потребно време да дојдат во онаа состојба која е последица на неактивност и дека вашето тело ја сфаќа пораката дека повеќе не вежбате и дека нема потреба повеќе да ги гради мускулите. Секако, паузата од седум дена нема да ви штети, но некои научни студии покажуваат дека е доволно само 14 дена неактивност за значително да се намали нивото на физичка подготвеност, мускулна маса и чувствителноста на инсулин. Меѓутоа, за целосно губење потребни се околу два месеца неактивност. Многу зависи од тоа дали вашиот тренинг е примарно фокусиран на кардио тренинг или на тренинг на силата. Објаснувањето е едноставно – вашите мускули имаат два типа мускулни влакна. Мускулните влакна од типот еден, бавни влакна, се заслужни за вашата издрживост, додека вториот тип на влакна имаат способност за побрзи контракции, но не и за издржливост.

Вашите дневни активности, како што одењето, говорот бараат одредено ангажирање на типот 1 влакна. Од друга страна, типот 2 мускулни влакна ги ангажирате многу малку во текот на секојдневните активности. Со самото тоа, кога ќе престанете да вежбате прво ќе дојде до атрофија на типот 2 мускулни влакна во однос на типот 1, односно попрво ќе ја загубите силата за кревање на тегови, отколку да трчате на 10 километри.

Не претерувајте со одморот и вратете се постепено

Најпосле, дали навистина ви е потребен одмор од тренингот? Ако направите ден или два пауза во рамките на својата тренинг програма, тоа може да биде добро за вас. Нема да имате сериозни последици дури и ако паузата трае две недели.

Ако сте ги пропуштиле тренинзите поради некоја болест, што е најчест случај, нема да бидете подготвени да се вратите на нормалните тренинзи, иако повеќе ќе ги немате симптомите. Болеста влијаела на промената на хемикалиите на вашите клетки, што влијае на капацитетот на тренингот, затоа што пулсот ќе ви биде повисок од вообичаениот за одредено темпо или брзина. Во тој случај ќе морате пропуштените тренинзи да ги тренирате како да не сте биле малку повеќе од седум дена тренирале, без разлика на тоа што порано сте му се вратиле на тренингот.

А, кога ќе одлучите сепак да му се вратите на вежбањето, тоа треба да биде постепено.

  • Во првата недела тренингот треба да биде полесен, за да можат мускулките да ви се навикнат на напорите на кои биле претходно изложени
  • Ако паузата од тренингот не била предолга, веќе втората недела треба да тренирате на истото ниво на кое сте тренирале пред паузата

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.