Се смета за подобра во снижувањето на холестеролот од стаините, а според некои истражувања спречува деменција, срцеви болести и дебелеење. На прв поглед, делува како да се работи за некој чудотворен лек, но тоа е всушност вкусната, разновидна медитеранска исхрана или подобро кажано начин на живот.

Освен оние луѓе кои живејат во областа на Средоземјето, многу мал број разбира што е тоа медитеранска исхрана и како можат да ја следат. Тоа не е ,,диета,, во смисла на испрограмирано мени за слабеење, како што се Аткинс или Дукан диетите. Таа е навистина начин на живот.
Медитеранската исхрана поттекнува од руралните средини, во кои луѓето го јаделе она кое самите го одгледувале, што е денес голема реткост, што дури и ОН овој начин на исхрана го имаат ставено во ,,загрозен вид,,. Таа е сместена во културното наследство на човештвото кое потекнува од Шпанија, Италија, Грција, Хрватска, Кипар, Мароко и Португалија, каде традиционално се јаде многу овошје и зеленчук, мешунки, интегрални житарки и маслиново масло. Рибата и морските плодови се исто така дел од оваа исхрана, додека пилешкото, јајцата и мали количини млечни производи се користат умерено. Црвено месо и слатки многу ретко се консумираат.
Медитеранските народи навикнати се да внесуваат мали количини вино за време на оброците. Значи, се работи за исхрана која првенствено е богата со јагленохидрати, кои им давале енергија на физички активните рибари и земјоделци. Оваа исхрана не познава конзерванси. Според Том Сандерс, професор по нутриционизам и дијатетика на колеџот Кинс во Лондон, употребата на маслиново масло е многу интересна.

Меѓутоа, медитеранската исхрана не подразбира само мени. УНЕСКО опишува речиси идеализиран начин на живот кој не може да се спорди речиси ниту со едно современо општество. Оваа исхрана подразбира и сет од вештини, знаења, ритуали, симболи и традиции, кои се однесуваат на посевите, одгледувањето на животните, преработката, готвењето и консумирањето на храната.

Кога американските научници во 50-те години од минатиот век дознале колку е ниска стапката на срцеви заболувања во Средоземјето, покренале студија во седум земји. Првите пилот – проекти биле спроведени во Никотера, село на југот на Италија, и во шест села на Крит. Студијата ги споредувала исхраната и начинот на живот кај мажите во Америка, Финска, Холандија и италијанските села, но и на работниците во Рим, на Крит и Крф, во хрватските села и земјоделските и рибарски заедници во Јапонија. Била откриена поврзаноста меѓу консумирањето заситени масти, кои се наоѓаат во црвеното месмо и млечните производи и зголеменото ниво на холестерол во крвта. Научниците не можеле да докажат дека главен виновник се заситените масти, но нивното вперување на прст довело до промена на препораките на државно ниво во САД и, на крајот, до општа побарувачка на немасни производи. Како последица од тоа, при преработката производителите почнале да стават повеќе шеќер, бидејќи луѓето не сакале да јадат повеќе мрсно.

Студиите и понатаму укажуваат на бројните користи од медитеранската исхрана, но промената на навиките кај еден цел народ на начин да јаде свежи и свежи приготвени производи наместо готови преработки, е крупен залак кој бара многу повеќе од повремени препораки.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина