Нутриционистите сметаат дека укинувањето на доцните ноќни оброци може да помогне во губењето на вишокот килограми. ТРЕ (анг. Time-restricted eating) е вистинскиот начин со временска контрола на исхраната да се дојде до совршени резултати.

ТРЕ е вид на привремена диета која се базира врз теоријата дека повеќето будни часови човек ги минува грицкајќи нешто. Затоа начинот за регулирање на телесната тежина се крие во намалувањето на бројот на часови кога јадеме. Тоа значи дека може да јадете од попладне до 07 часот навечер, или од 08 наутро до 14.00 часот попладне. Меѓутоа најголем успех се постигнува што порано престанете со јадењето. На пример, истражувањето спроведено на Универзитетот во Алабама, САД, врз 11 мажи и жени со прекумерна телесна тежина покажало дека ТРЕ ефикасно работи. Тие во првите 4 денови јаделе само од 08.00 часот наутро до 14.00 часот попладне, а потоа уште 4 дена од 08.00 часот наутро до 20.00 часот навечер. Преку ноќ трошеле поголема количина масти, а храната преку ден помалку ја барале. Сепак, ова е мало истражување, сега се чекаат резултатите од други студии, за да се утврди дали ТРЕ може да стане водечка диета на полето на долготрајно губење на килограмите.

Ако сте поединец кој сака да грицка или не јадете рано, овој начин на исхрана ќе ви биде предизвик за да ги согорите масните наслаги на многу иновативен начин. Секако, количината на загубени килограми зависи од квалитетот на храна која ја бирате за вашите оброци. Ако и јадете во точно одредено време, а бирате притоа нездрава храна, резулатот ќе изостане. Овој начин на исхрана не можат да го поднесат оние кои многу вежбаат или кои имаат дијабетес, бидејќи доведува до намалување на шеќерот во крвта. Во паузата од храна, која започнува во 14.0 часот попладне, до крајот на денот може да се пие кафе или чај, како и шејкови од зелен зеленчук .Ако не сте подготвени сосема да се придржувате до ТРЕ режимот, доволно е да престанете доцна да јадете, бидејќи потребата за храна навечер е последица од стрес, а не од глад. ТРЕ треба да се практикува само доколку одговара на вашиот организам и всшиот начин на живот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина