Мушмула (лат. Mespilus germanica) е позната во народот под името дива круша. Расте како голема грмушка или како мало стебло. Иако преведено, латинскиот назив и значи германска мушмула, таа потекнува од југозападна Азија и југоисточна Европа, а во Германија ја донеле Римјаните. Ова овошје, некогаш популарно и во нашите краишта, денес е речиси заборавено. Мушмулата е припадничка на семејството на розите и роднина на крушата и дуњата. Се верува дека потекнува од Турција или централна Европа. Се одгледува повеќе од два милениума во нејзините плодови уживале древните Грци, додека Римјаните ја посветиле на богот Сатурн. Во средниот век била многу популарна, а како овошје во книжевноста често се употребувала како симбол за проституција.

На оние на кои не им се допаѓа мушмулата, велат дека наликува на кал и дека нема воопшто добар вкус. Други, пак, кои уживаат во нејзиниот богат вкус, одвај ги чекаат ноемвриските денови за да се засладат со нејзините плодови. Наизглед, мушмулите личат на крувчиња, а посебно е интересен долниот дел, со проширена чашка, низ која може да се ,,ѕирне,, во нејзината внатрешност. Кога е свежа, месото и е бледосиво или зеленикаво и тогаш не е за јадење, бидејќи е многу кисело. Дури кога ќе отстои и загнили, станува слатко и е за јадење, а неговата внатрешност се претвора во кафеава каша. Дотогаш плодот може да остане на дрво, но зелените плодови можат да се отават на куп во слама или да се завиткаат во весници, со цел побрзо да созреат.

Мушмулата е распространета како дива листопадна грмушка, со висина од два до пет метри или како култивирано стебло кое може да порасне и до осум метри во висина.

Лековити својства

Мушмулата е силно противоспалително средство кое делува делотворно на целиот организам. Со векови се користи за лекување тегоби при дигестијата – цревни и желудочни воспаленија, елиминира надуеност и е силен природен лаксатив. Поради своето антивирусно и антибактериско делување, помага за ублажување на воспалението на крајниците и на дишните патишта.

Во себе содржи белковини, јагленохидрати, танин, пектини, органски киселини (јаболкова, винска, лимонска). Изобилува со витамин Ц и витамини од B – групата на витамини. Освен тоа, извор е и на калиум, калциум, железо и магнезиум. Таа е природен лек и слатко кое може да се искористи на бројни начини.

Други лековити делувања на мушмулата:

– го подобрува видот
ги јакне црниот дроб и бубрезите
лекува вртоглавица
помага при импотенција
го намалува холестеролот

– помага при воспаленија на крајниците и дишните патишта
отстранува желудочни тегоби
ублажува тегоби
отстранува несоница
го регулира нискиот притисок
ефикасно делува на кожата и косата

Вкусен рецепт со мушмула

Компот од зрели мушмули

Состојки:

1 кг. мушмули
800 гр. кафеав шеќер или 50 гр. мед
0,5 л. вода

Подготовка:

Полузрелите мушмули исчистете ги, измијте ги и исечете ги на ситни парчиња. Шеќерот/медот стопете го во вода и со таа течност прелијтег ги мушмулите. Варете еден час на тивок оган. Млаката смеса истурете ја во стаклени тегли и добро затворете ги.

Примена:

Овој компот помага при тегоби со дигестијата и пролив. Потребно е да се консумирааат 1,5 2 дцл. компот наутро, на гладно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина