Сигурно веќе имате слушнато за терминот чиста исхрана (clean eating). Станува збор за режим на исхрана кој подразбира одбирање намирници во колку што може поизворен облик. Акцентот притоа се става на зеленчук, овошје, јаткасти плодови, семки, зрна од интегрални житарки, мешунки, но и животински намирници.

Чистата исхрана исто така подразбира заобиколување на преработки и препакувана храна, која е вештачки создадена. Во суштина, пораката е да не се јаде ништо чија декларација преставува состојки со имиња кои не умеете да ги изговорите. Покрај тоа, треба да се ограмичи консумирањето на сол и додадени шеќери, да се одбираат сезонски намирници и почесто храната да се подготвува во домашни услови.

Ако сакате да се храните на овој начин и притоа да ослабнете, треба да имате предвид дека сепак мора да ја контролирате и големината на своите порции.
Ова е листата на некои од најздравите намирници, кои можете да ги одберете со овој режим на исхрана:

Житарки: Киноа, интегрален ориз, овесни снегулки, интегрални тотрилји

Јаткасти плодови: Фстаци, ореви, бадеми

Немасен извор на протеини: Мисиркино месо, пилешко месо, риба, грав, белки од јајца

Зеленчук: Тиквички, авокадо, карфиол, спанаќ, кељ, домати, лук

Овошје: Ананас, портокали, лимони, бобинки

Здрави масла: Маслиново, сусамово, кокосово

Млечни преработки: Јогурт, младо сирење

Покрај тоа, треба да ги имате на ум следниве нешта:

  • Пијте доволно течности
  • Водете сметка секој ден да внесувате по три порции зеленчук и по две порции овошје
  • Наместо сол и готови сосови, користете свежи зачински растенија, оцет со разни вкусови или лимонов сок
  • Месото содржи многу заситени масти и холестерол и треба штедливо да се користи
  • Понекогаш наградете се себеси со омилениот оброк, бидејќи клучот е во умереноста
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина