Јадете погрешни намирници за појадок

Веројатно сте слушнале дека луѓето кои обрнуваат внимание на тоа што јадат за појадок, имаат потенок струк. Меѓутоа, доколку наутро вашиот здрав појадок се состои од житарки и овошје, можно е многу брзо да се почувствувате гладни, бидејќи овие намирници се полни со јаглехидрати.

Забавениот метаболизам често е знак дека имате некој вид на отпорност кон инсулинот- вашето тело се мачи да го складира шеќерот од крвотокот во клетките , т.е. со потешкотија го претвора во енергија. Заради тоа може да почувствувате глад и кога физички всушност не сте гладни. Ова е најизразено претпладне кога нивото на инсулин е високо.

Решение – Комбинирајте ги јаглехидратите со протеините за да ја намалите таа отпорност спрема инсулинот. 30 грама протеини (парче сирење или две јајца во комбинација со немасен јогур) и 20-30 грама јаглехидрати (банана со средна големина и големо парче тост).

Штедите на протеини

Вашето тело цел ден поминува низ процесот кој се нарекува протеинска пресвртница, а за тоа време се слабее сопствената мускулна маса. Многу жени внесуваат помалку протеини во своето тело отколку препорачаната дневна доза, а протеините во себе содржат аминокиселини кои претставуваат „храна” за мускулите. Не заборавајте дека повеќе мускули значат и повеќе согорени калории.

Решение– препорачаната дневна доза на протеини е од 45 до 50 грама протеини. Распоредете ги така што за појадок, ручек вечера ќе внесете вкупно 30 грама, а 10-15 грама сочувајте за ужина и грицки.

Јадете помалку за да ослабнете

Секако, мора да го намалите внесот на калории. Меѓутоа, ако претерате тоа може негативно да се одрази на вашиот метаболизам.

Суштината се состои во тоа што ние сме генетски предодредени да се бориме против гладта. Кога губиме килограми, нашето тело се труди да ги задржи калориите за да се врати во првобитната состојба. За среќа, првобитната состојба може со текот на времето да се ресетира и да се прилагоди на новата вредност.

Решение – додека вашето тело ги саботира вашите напори да ослабнете, многу е важно да јадете што е можно повеќе зеленчук и овошје. Нискокалоричните влакна во нив ќе го ублажат чувството на глад.

Пиете сокови

Прилично е суров фактот дека можете да се здебелите и од нешто што воопшто не содржи калории. Истражувањата покажуваат дека вештачките засладувачи ги предизвикуваат истите хормонски и мераболитички реаксии како и цистинскиот шеќер. Додека ги консумирате вештачките засладувачи, рецепторите во вашиот мозок и желудник претпоставуваат дека има калории. Како реакција на тоа, вашиот организам го ослободува хормонот инсулин.

Решение – почнете да јадете вистинска храна. Ако не можете да се ослободите од потребата за сокови, консумирајте ги со храната. На тој начин вашето тело ќе ги добие потребните калории и помалку ќе го ослободува хормонот инсулин.

Не ги миете намирниците

Пестцицидите не се штетни само за инсектите, туку можат да и пречат и на работата на ендокрините жлезди. Со оглед на тоа што ендокриниот систем го контролира метаболизмот, изложувањето на одредени хемикалии може да предизвика зголемен апетит, да ги стимулира масните клетки и да ја забави работата на метаболизмот.

Решение – Продолжете да јадете овошје и зеленчук, но добро измијте ги сите намирници. Нека оттојат во вода 2-3 минути, а потоа измијте ги под силен млаз вода.