За Хајмлиховиот зафат заслужен е доктор Хенри Хајмлих, кој во 1974 година опишал зафат со чија помош се спасени безброј животи. Со овој зафат се подига притисокот во градниот кош, со што се овозможува исфрлањето на туѓото тело. По спасувањето, жрвата треба веднаш да се однесе на доктор, со цел да се прегледа дали е се во ред. Оној кој се задушува обилно е во паничен страв, се фаќа со рацете за врат, не може да дише ниту да зборува. А, кожата многу брзо му добива виолетова боја.

Како да се реагира?

 

Најпрво смирете го човекот, така што ќе кажете дека ќе преземете зафат со кој ќе го спречите понатамошното задушување. Оној на кој дишните патишта му се целосно непроодни, може да се спаси ако му се помогне во најкус можен рок. Како прво, се применува Хајмлиховиот зафат. Овој метод успева во повеќето случаи, но не е безопасен. Пресилниот притисок на стомакот може да ги повреди желудникот, црниот дроб или слезината. Поради тоа силината на притисокот треба да се прилагоди според конституцијата на оној кој се задушува.
На оној кој стои или седи со затворена шака се притиска силно и нагло насред средина на стомакот помеѓу долниот раб на градната коска и папокот и се опфаќа со дланката од другата шака. Брзо и силно се притиска стомакот кон навнатре и нагоре. Притоа не смее да се притиска коскениот дел од градната коска, бидејќи на тој начин се намалува можноста за повреда на органите во внатрешноста на градниот кош.

 

Се изведуваат по пет притисоци во длаболината и така воздухот од белите дробови преку душникот се истиснува до гркланот. Овој притисок би требал да го исфрли туѓото тело. По првите пет зафати може да се направи обид со по пет силни удари помеѓу лопатките. Потоа пак се прави обид со по пет Хајмлихови зафати. Само кај дебелите луѓе и кај трудниците не може да се опфати овој дел, па кај нив се притиска преку долната третина од градната коска, преку местото каде инаку се врши притисок при надворешна масажа на срцето.

Хајмлиховите зафати се прават или до успешно исфрлање на туѓото тело или додека оној кој се задушува не ја загуби свеста. Тогаш треба со рака да се исчисти хранопроводникот и човекот да се стави во странична положба (доколку дише откако сме го извадиле туѓото тело). Во случај да не дише, тогаш треба да му/и се даде вештачко дишење. Доколку нема никого во близина, оној кој се задушува може сам/сама да се фрли на работ од потпирката на стол, или на нешто слично, со делот од стомакот помеѓу папокот и долниот раб од градната коска, или најпрво сама да се притисне со шаката која е опфатена со дланката од другата рака.

 

Кај деца во прва година од животот се започнува со пет удари во грбот, помеѓу лопатките. Ако тоа не успее, се применува Хајмлиховиот зафат, но не како кај возрасните, туку исто како при надворешна масажа на срцето, преку средината од средната третина на градната коска (помеѓу брадавиците), со два прста. Вадењето на туѓо телото кај мало дете, кое ѕирка од гркланот е многу ризично, бидејќи така може да се напика уште подлабоко.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина