Сите од вас кои некогаш искусиле икање, грчеви во нозете или здрвен врат, знаат дека се работи за многу напорни и непријатни состојби. Повеќето не им посветуваат многу внимание и најчесто не се загрижуваат. Но, ако сакате да знаете како да си помогнете сами и што побрзо да се ослободите од нив, погледнете ги овие совети, кои ќе ви помогнат во тоа.

 

Икање

Икањето е здодевна појава која настанува поради грчење на ошитот. Најчесто кратко трае, а ако трае со денови, добро е да се посоветувате со доктор, бидејќи тогаш е симптом на некој посериозен здравствен проблем. Верувале или не, при икањето помага да се напиете чаша топла вода или да го задржувате здивот. Дури и ако тоа не помогне, стрпете се, бидејќи брзо ќе помине.

Жуљеви

Неудобните обувки се најчеста причина за појава на жуљевите, но можат да се појават и како последица на рании други оштетувања на кожата. Најдобар лек е да се најдат удобни обувки и меки чорапи, но тоа не е секогаш едноставно, посебно за жените. Добро е и да се заштитат жуљевите со меки фластери. Стручњаците велат дека не добро да се чепкаат, бидејќи можат да се инфицираат, а тогаш настануваат потешки проблеми. Оставете да поминат сами од себе, а доколкуподолго време се задржат, консултирајте се со доктор.

 

Здрвен врат

 

ikanje31

 

Ако подолго време ја држите главата во непријатна положба, ќе ги оптоварите мускулите на вратот, а тоа доведува до здрвеност и болки. Затоа немојте долго време да телефонирате и притоа да правите нешто друго и телефонот да го придржувате со рамото. Обратете внимание и на тоа какво ви е работното место, односно внимавајте да имате исправен став на телото и да седите исправено. Ако често ви се јавува здрвеност и болки во вратот, посоветувајте се со доктор, кој треба да ви помогне. Болката во вратот може да се лекува со многу креми и гелови против воспаление на мускули, а се препорачува и масажа. Добро е да се делува превентивно и да се практицираат телесни вежби.

 

Испукани усни

Сув воздух, студено време или премногу сонце – ова се најчестите причини поради кои пукаат усните. Кожата на усните е многу потенка од другата кожа и затоа треба посебно да се негува. Како превентива, но и лекување можат да помогнат многу баласми за усни. Внимавајте само да не бидат од камфор или од еукалиптус, затоа што тоа ќе ја влоши само ситуацијата. Исто така, никако немојте да ги лижете сувите усни, зашто тоа само ќе доведе до уште поголемо испукување. Ако подолго време ве измачува овој проблем, посоветувајте се со доктор, затоа што можно е да имате недостиг на некои витамини.

Грчеви во нозете

 

ikanje21

 

Дали често имате болни грчеви во нозете? Тие се најчесто резултат на напорни телесни вежби или на ден проведен на високи потпетици или во некои неудобни обувки. Но, грчеви се јавуваат и како резултат на недостиг на калиум во организмот. Обидете се да консумирате повеќе храна која го содржи овој минерал, како што се на пример бананите и авокадата. Исто така, пијте многу течности, посебно ако тренирате или работите стоејќи на нозе. Ако пречесто ви се јавуваат грчеви, консултирајте се со доктор, затоа што во повеќето случаи тоа може да биде симптом за некоја болест на нервниот систем.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина