И акните имаат добри страни
Ако имате акни, веројатно сонувате за мазна, нежна кожа налик на праска. Но, науката сега има добра вест за вас. Се покажало дека оние кои во младоста страдаат од акни побавно стареат од оние кои никогаш немале проблеми со тенот. И, тој ефект на забавување на стареењето не се однесува само на лицето, туку и на целото тело.
Истражувањата спроведени на колеџот Кингс, во Лондон, покажало дека оние кои во младоста имаат проблематична кожа, воглавно имаат подолги теломери во белите крвни зрнца, што значи дека клетките на нивниот организам генерално сe поотпорни на стареење. Теломерите се некој вид заштита која ги спречува нашите хромозоми да се оштетуваат за време на реликацијата. Како што минуваат годините, теломерите се кинат, што како последица има изумирање на клетките и брчки. Но, подолгите теломери подолго опстојуваат. Што значи дека стареењето оди побавно.
Во текот на истражувањето, научниците ги набљудувале теломерите на белите крвни зрнца кај 1.205 близнаци, од кои една четвртина искусиле акни во некој период од животот. Утврдиле дека клеточните теломери кај испитаниците кои пателе од акни биле ,,значително подолги,,, што како последица од тоа има побавно стареење на клетките.
– Со години веќе дерматолозите забележуваат дека првите знаци на стареењето значително подоцна се појавуваат кај оние кои во младоста имале проблематична кожа – вели Симорен Риберо. Нашите сознанија сега го објаснија овој феномен.
Па, иако веројатно ги мразите акните, и давате се од себе да се ослободите од нив, гледано долгорочно, тоа всушност и не е толку лошо.