Спортот е секогаш најдобриот начин за трошење на килограмите, а доаѓањето на сончевите денови ни дава можност да излеземе од дома и да почнеме да се занимаваме со разни активности. Калориите се трошат без разлика на тоа колку сме активни, бидејќи е тоа процес којнсе подвива во организмот независно од нашата воља. Но, со оглед на тоа што внесувањето на храната не е во рамнотежа со потрошената енергија, вишокот се трупа како залиха за кризни ситуации, па во недостиг, организмот се исцрпува затоа што залихите недоволно се обновуваат. Најмногу калории можат да се потрошат доколку се занимавате со некоја спортска активност. Сепак, кај секој спорт не се трошат подеднаков број на калории. Некои спортови се понапорни, па доколку се занимавате со нив ќе согорувате многу повеќе калории отколку на пример при обична прошетка. Еве со кои активности колку калории ќе потрошите.

Велосипедизам во зависност од тоа со која брзина возите, можете да потрошите од 300 до 400 калории за половина час. Велосипедизмот е одлична кардио вежба која ги јакне бутовите и листовите.

Бокс – ако сте доволно храбри да стапнете во ринг, ќе потрошите 324 калории за само половина час. Освен тоа, вашата кондиција и мускулната издржливост од овој спорт ќе го добијат најдоброто.

Кошарка константната акција која ја дава овој спорт значи трошење на 288 калории за половина час и немерлива количина забава.

Пливање станува збор за одлична вежба за целото тело, со која можете да потрошите 360 калории за 30 минути. Но, поголемиот број луѓе не можат толку да издржат. Најдобриот тренинг се интервалите: испливајте две должини, потоа земете краток одмор, па повторете ја рутата.

Сквош – освен што ќе согорите 300 калории за кусо време, сквошот ја гради кондицијата и мускулите и ја развива флексибилноста.

Тенис се работи за забавна игра која бара брзина, подвижност, сила и рефлекси. На овој начин ќе потрошите помеѓу 250 и 300 калории за половина час.

 

sport3

 

Атлетика не само што ќе ви помогне да потрошите 450 калории за 30 минути (со одредено темпо и поминат пат) атлетиката е одлично кардио вежбање.

Веслање со него се трошат 280 калории за 30 минути, што го прави овој спорт одличен начин за исфрлање на вишокот енергија. Освен тоа, ја јакне издржливоста и ги обликува мускулите на рамењата, бутовите и рацете.

Ватерполоќе ви обезбеди трошење на 350 – 400 калории за половина час, што е осоеномногу за разлика од потрошените 250 – 300 калории доколку се занимавате со фудбал.

 

 

Ритмичка гимнастика со овој спорт се трошат и до 500 калории. Освен тоа, се формира убаво, извајано тело.

Планинарење-Планинарењето има анестетичко дејство и е еден од најдобрите спортови за опуштање од стрес. Со него се трошат од 400 – 700 калории.

Аеробик – аеробикот претставува многу ефикасна физичка активност, која овозможува топење на калориите од 500 – 700 за еден час.

Ако сепак не сте спортски тип и не сте за вакви активности, и едноставната прошетка низ шума, во комбинација со брзо чекорење, ќе ви помогне за согорите 130 калории за половина час.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина