Цинкот е потребен за оддржување на имунолошкиот систем, градење на протеините, придвижување на ензимите и создавање на ДНК. Исто така, важен е и за нормален раст, развој и за полово созревање како и за оддржување на сетилата за мирис и вкус. Неговиот недостаток може да доведе до губење на косата и до ослабен апетит.

 

Кој припаѓа во ризичната група?

 

Тука спаѓаат оние кои често се на диети, вегетаријанците и веганите, постарите лица и оние кои консумираат големи количини алкохол. Истото важи и за трудниците, жените доилки, помладите лица во развој или оние кои патат од чести проливи. Храна која е богата со овој минерал се школките, шитаки печурките, спанаќот, краставиците, зелената салата, маслинките, кикиритките, бадемите, јагнешкото месо, телешкиот дроб, јајцата, сирењето, млекото и јогуртот. Еве какви се болести и потешкотии се јавуваат при недостаток на овој минерал.

 

1. Лош имунитет

 

Настинките ве ,,напаѓаат,, постојано? Имунолошкиот систем не може нормално да функционира ако му недостасува цинк.

 

2. Лош тен

 

Дали знаете дека 6% од целокупното консумирање на цинк се наоѓа во кожата? Одредени студии докажуваат дека оние кои патат од појавата на акни, немаат доволно цинк во својот организам.

 

3. Алергии

 

Ако сте постојано под влијание на стрес, многу лесно ,,ќе останете,, без цинк во организмот, кој игра голема улога во испуштањето на хистаминот, које познат како двигател на акутните алергиски реакции кај луѓето.

 

4. Проблеми со сонот

 

Веројатно веќе знаете дека мелатонинот е хормон кој ни помага да заспиеме, но дали знаете дека цинкот игра важна улога во производството и испуштањето на овој хормон? Кој има малку цинк во организмот, ќе има проблеми со спиењето.

 

5. Губење на косата

 

Ниското ниво на хормонот на штитната жлезда упатува на тоа дека телото не апсорбира доволно количини цинк, а таа состојба е поврзана и со опаѓање на косата.

 

6. Алцхајмерова и паркинсонова болест

 

Овие болести станаа чума во модерното општество, а многу студии имаат докажано дека терапијата со цинк може да помогне при забавување на когнитивното пропаѓање.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина