Вежбаталакот кој стоиили на санскрит Dandayamana Dhanurasa треба да го правите колку што можете посмирено и побавно, а ефектот е феноменален! Оваа асана вежба се има покажено како исклучително ефикасна во борбата против целулитот.

Не сте сигурни кога или како точно се има тоа случено, но ви се чини дека портокаловата кора т.е. целулитот е на вашите нозе и задникот? За среќа, постои, одличен, евтин и здрав начин како повторно да добиете мазна, цврста и затегната кожа, а тоа е јогата.
Освен што е корисна за опуштање, јогата докажано помага во борбата против целулитот. Студиите од Харвард докажале дека вежбањето јога е најефикасен начин за подобрување на протокот на лимфата, за елиминација на токсините и за намалување на задржување на течностите во телото. Ако покрај тоа се смени и начинот на исхрана – да се исфрли шеќерот и сите рафинирани производи и ако се обидете да се храните на поздрав и поприроден начин – свежо овошје и зеленчук без премногу зачини, јаткасти плодови и свежи немасни сирења, покрај детоксификација на телото, ќе станете огледало на внатрешна чистота и мир.

 

celulit21

 

Од неколкуте пози на јога кои се добри за оваа цел, ви ја претставуваме најефикасната. Ако не можете секојдневно, правете ја оваа вежба 20 минути три пати неделно. Комбинирајте ја со трчање и со вежби за сила (чучнувања, исчекори), но и со масажа на критичните делови зафатени со целулит со некое масло или крема. Важно е вежбата да ја правите колку што можете посмирено и побавно. Резултатите ќе бидат видливи за само еден месец!

1. Заземете став на расчекор. Рацете ставете ги на колковите, десната нога свиткајте ја во коленото и подигнете ја нагоре. Со лесни движења, петата дваесет пати подигнете ја кон таванот. Кога ќе завршите со подигање на петата, со десната рака фатете се за десниот скочен зглоб.

 

vezba-za-celulit1

 

2. Потоа, повлечете ја ногата колку што можете повеќе кон нагоре, истовремено подигајќи го горниот дел од телото и левата рака во вис. Останете во таа положба дваесет секунди, при тоа водејќи сметка правилно да дишете. Длабокотот ритмично дишење при изведување на оваа положба ја поттикнува хормоналната рамнотежа и донесува поголема количина кислород во телото, кој е неопходен во борбата против согорување на маснотиите. Вратете се во почетната положба и повторете ја вежбата и на другата нога.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина