Шницли од палента и зеленчук
Состојки:
- 1 филџан палента
- 2 филџани вода
-
сол
-
чили во прав
-
грст сецкан спанаќ или блитва
- 150 гр. грашок
- 1 морков
- 6 лажица мелени семки
- маслиново масло (за пржење)
Подготовка:
Во мало тенџере налејте вода и почекајте да зоврие. Додадете ја палентата и веднаш тргнете ја од огнот да не почне да прска. Исклучете ја ринглата. Добро измешајте ја водата и палентата и по неколку минути вратете го тенџерето пак на огнот и мешајте уште минута-две. Во меѓувреме, сварете ги грашокот и морковот (во последната минута додадете им ги спанаќот/блитвата). Тргнете ја на страна палентата и додадете и го исцедениот зеленчук. Додадете ги зачините и по желба и зачинските растенија. Добро измешајте ја смесата. Важно е зеленчукот да се додаде во палентата додека е се уште топла, за да може масата убаво да се соедини. Од смесата обликувајте ги шницлите и валкајте ги во мелените семки. Пржете ги на врело маслинови масло, по една минута на секоја страна.