Сме нафриле некој килограм повеќе поради богатите славски и празнични трпези? Одморање дома на топло пред ТВ и излежувањето не се добри за здравјето. Помалото движење поради студот и снегот, со мноштво обилни оброци, печења, сувомеснати производи, руски салати и т.н.се непријатели на здравствената состојба, се оптоварува желудникот, системот за варење и се подига и нивото на холестерол во крвта.
Акутниот проблем може релативно брзо да се реши со примена на начин на исхрана и веќе за една недела холестеролто може да се врати во нормала ако се исфрли мрсната, пржена и зачинета храна, црвеното месо, слатките, соковите и грицките, и ако во менито се стават бело варено месо, риба, свеж зеленчук, дуњи, портокали и ѓумбир. Освен чистење на крвните садови, за 155 дена може да се загубат и до пет килограми.
Совет плус: По три дена, може да се комбинира по избор појадокот, ручекот и вечерата од ова мени.

Мени

Понеделник 

Појадок: Јогурт со мал процент на масленост, 1 јаболко, 4 парчиња интегрален леб намачкан со 4 лажички домашен мармалад од портокали и грејпфрут. (Околу 300 грама излупено овошје и исецкано на коцки се вари три минути со 100 грама шеќерен желатин и една супена лажица од изрендана кора од портокал.
Ручек: Тестенина од ориз со зеленчук. На една лажичка маслиново масло продинстајте неколку минути 30 грама рендан ѓумбир, едно чешне лук, помала главица црвен кромид, 4 изрендани моркови и 100 грама корен од целер додека не омекнат. Прелијте ги потоа со 1 децилитар супа од зеленчук и додајте 160 грама сварени тестенини од ориз.
Вечера: Околу 50 грама пченични никулци и 250 грама рендано цвекло се мешаат со прелив од една лажица ореово масло, 1/4 лажица јаболков оцет и лажичка свеж рендан рен.

 

Вторник
Појадок: Млеко и цитрусно овошје, пециво од цели житарки
Ручек: Филе од риба по избор (ослиќ, пастрмка) со прелив кој ќе го подготвите така што на лажичка маслиново масло ќе пропржите помала главица кромид ситно исецкан. Потоа му се додава шафран, сол, црн пипер, лажичка изрендана кора од портокал и сок од портокал. Потоа пржете уште пет минути. Рибата попрскајте ја со малку маслиново масло, испечете ја во тава и прелијте ја со преливот.

Вечера: Салата од јаболки и компири
Во рерна испечете компири со средна големина, заедно со кората. Излупете ги и додадете парчиња јаболки, исецкан лук и прелив (во чинивче измешајте малку јаболков оцет, нерафинирано масло, со и црн пипер по вкус).

СРЕДА

Појадок: Сок од портокали и моркови, леб од повеќе видови житарки и младо сирење.
Ручек: Суви смокви, мисиркино бело месо на жар со салата од рукола или зелка.
Вечера: Тестенина со сок од домати, дуња, јогурт со цимет. Сварете две супени лажици мед, 1/2 стапчиња цимет, 1 дл. сок од портокал и малку кора од лимон, па во тоа пет минути варете ја дуњата. Оставете да се олади малку. Во јогуртот додадете две лажички мед и цимет во прав, па сервирајте со компотот од дуњи.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина