Не е тајна дека живееме во забрзано опкружување кое може да доведе до ментален замор. Медиумите, социјалните мрежи и емоционалните стресови непрекинато не бомбардираат со стимуланси кои ни го исцрпуваат умот. Иако понекогаш чудата на технологијата и градската околина ни пружаат услови за задоволен живот, во некои мигови едноставно мораме да побегнеме од вревата и забрзаноста во прегратките на природата.

Истражувањата сугерираат дека престојот во природа може да има бројни предности за менталното здравје, па ако се чувствувате уморно, депресивно и вон фокусот, можете да имате полза од повикот на дивината. Ова се само некои од клучните ментални здравствени проблеми за кои Мајката природа има решение.
 

Недостиг на внимание

Одредени значајности на технолошки ориентираниот начин на живот, како што е гледањето телевизија, го наслабнуваат капацитетот на вниманието. Студијата објавена во 2007 година во списанието Pediatrics го утврдила неделниот број на часови кои децата на возраст помеѓу 5 и 15 години ги минуваат пред телевизорот, а потоа ги проучувала проблемите поврзани со вниманието, како што се краткотраното внимание и слабата концентрација за време на решавање на тестовите.

Истражувањето покажало дека поголемиот број на часови во гледање телевизија за време на детството биле во корелација со поголемата зачестеност на проблемите поврзани со вниманието за време на адолесценцијата, веројатно благодарение на техниките на одвлекување на вниманието, со кои се користат телевизиските програми. Резултатите од студијата упатуваат на тоа дека претераната стимулација на дигиталните содржини може да предизвика потешкотии кога се работи за нашата способност за фокусирање.

 

 

Како може да помогне природата?

Се покажало дека природата ја подобрува способноста на насочување на вниманието, што подразбира фокусирање на одредени имитирања, истовремено поништувајќи ги ирелевантните или компетитивните имитирања. Прошетката во парк или самиот поглед на фотографија на природаа можат да го подобрат вашиот фокус, без притоа да ја исцрпат способноста за перцептивна обработка. Освен што помага за оддржувањето на вниманието, престојот во природа исто така може да ја подобри концентрацијата. Студијата од 2008 година објавена во списанието Psychological Science покажала дека прошетката во природа во времетраење од 50 до 55 минути ги подобрува перформансите на присетување за задача која вклучувала низа од броеви поставени по обратен редослед.

Заклучоците од други студии укажуваат дека погледот на природа, исто како и прошетките во природа и гледањето фотографии од природа може да го подобри менталниот фокус.

 

Збогум на стресот

Урбаниот стил на живот неретко е поврзан со поголем стрес. Натписот објавен во списанието American Journal of Human Biology покажал дека нивоата на норапинефрин и на епинефрин, два хормони кои се лачат за време на стресна реакција, биле пониски кај селското население, отколку кај урбаните работници и студенти, што укажува на тоа дека модерниот начин на живот е во корелација со повисоките нивоа на стрес.

Се покажало дека природата го поттикнува и побрзото закрепнување од стрес и дека придонесува за ,,имунитет,, при идните стресни ситуации. Изложеноста на вистинска или репродуцирана природа во околината може да ја смири телесната вознемиреност предизвикана од делување на автоимунолошкиот нервен систем во време на стрес.

Едно истражување од 2003 година, објавено во списанието Journal of Environmental Psychology, покажало дека по возење или по решавање тешки задачи, седењето во соба со поглед на стебла го поттикнува брзиот пад на крвниот притисок, за разлика од седењето во соба без поглед. Исто така, прошетките во природна околина го поттикнуваат намалувањето на стресот кај испитаниците кои го прават тоа, за разлика од оние испитаници кои шетале само низ урбана средина.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина