Шикакаи правот се добива со ситнење на исушени плодови, листови и кора од дрвото Шикакаи (lat.Acacia concinna), кое расте во Индија. Има кафеава боја и дрвенаст мирис. Со илјадници години Индијците го користат шикакаи како природно средство за миење и нега на косата и телото, скалпот и кожата. Од другите производи се одделува според неверојатното богатство од нутритиенти и според умерените својства на пенење, поради што се користи како 100% природен шампон.

Шикакаи за целосно обновување на косата и скалпот

Шикакаи ги има следниве благосостојби врз косата.

  • спречува испаѓање на косата

  • го јакне коренот на косата

  • придонесува за хидратацијата, сјајот, цврстината и еластичноста на косата

  • го одложува пoјавувањето на бели влакна

  • делува како шампон и регенератор

  • благодарение на ниското ниво на pH, ги чува природните масла на косата и скалпот
  • ги штити скалпот и кожата од габични инфекции

  • го спречува и отстранува перутот

  • може да се користи како препарат за чистење на лицето и телото

  • не содржи опасни супстанции како комерцијални препарати за нега на косата

Шикакаи правот е природен шампон и регенератор кој во себе не содржи никакви штетни материи. Со своите нутритивни вредности овој препарат го ревитализира, прочистува, хидратизира и освежува скалпот. Покрај тоа што го јакне коренот на косата и го спречува нејзиното испаѓање, на косата делува како нежен пилинг. По миењето со него косата добива волумен и сјај, станува мека и еластична. Совршена замена е за регенератор, затоа што ја прави косата лесна за чешлање.
Во својот состав има алкалоиди и киселини како што се оксалната, винската, лимонската и аксорбинската. Изобилува со витамините А, Ц, Д, Е и К. Овие микронутритиенти ги хранат фоликулите на влакната, со што придонесува за нејзиниот квалитет и убавина. Нивниот антиоксидативен ефект е заслужен за беспрекорно здрав скалп. Со ниската pH вредност (4,5 5,0) шикакаи не ја нарушува алкалноста на скалпот, која е нужна за негово здраво и нормално функционирање. За разлика од комерцијалните шампони, овој природен прав нема агресивно делување и придонесува за зачувување на маслата кои се содржат во косата и скалпот. Слободен е од штетните хемикалии кои ги има во индустриските производи.
Шикакаи правот е одлична комбинација кога е помешан со јогурт. Благодарение на богатството од витамини, минерали и протеини, јогуртот ја јакне косата, го потпомага нејзиниот раст и придонесуба за убавината и здравјето на косата.

Освен тоа, јогуртот е познато природно средство за чистење на косата, спречувајќи го чешањето и отстранувањето на перутот.

Рецепт со јогурт и шикакаи

Шикакаи правот се меша со јогурт и се меша додека не се добие густа паста. Оваа паста се нанесува на косата и се остава да делува 20 – 30 минути. Потоа се мие.

Шикакаи правот е одлична природна и здрава алтернатива на комерцијалните производи за лекување на помали исеченици и ранички на скалпот. Благодарение на своите антибактериски, антимикробни и антигабични својства ја намалува иритацијата и со тоа помага за брзо закрепнување на темето. Помага и во елиминирање на чешањето, кое може да биде последица од сувост на кожата, бактерии, прав или користење агресивни препарати за коса.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина