Стресот, настинките, нездравата животна околина, пушењето, алкохолот, гладувањето, недоволното спиење, премногу интелектуална и физичка работа, се само некои од причините кои влијаат негативно на имунитетот. Знаци и симптоми кои исто така укажуваат дека постои неадекватна функција на овој заштитен систем се упорни, повторувачки, најчесто вирусни или бактериски инфекции, реакција со инфекција на вакцинација и т.н.
За да ја подобриме одбраната на организмот од болести, стручњаците советуваат одбегнување на психоактивни супстанции и психофизичко исцрпување, а на имунитетот лошо влијае и претерувањето со храна и пијалоци. Секоја инфекција треба да се сфати сериозно и да се побара навреме лекарска помош. Исто така, во редовни периоди треба да се оди на систематски прегледи, со цел на време да се дијагностицираат евентуални тешки заболувања, да се препише терапија и на тој начин максимално да се зачува имунолошкиот систем.

За да биде ефикасна одбраната на организмот од вируси и бактерии, секојдневно треба да се одвојат по 30 минути за физичка активност, да се јаде умерено и внимателно да се бираат намирниците, доволно да се одмора и да се има квалитетен сон. Ако имунитетот го сфаќаме како способност да се избориме со секаков вид на болест, тогаш здравите стилови на живот се најдобриот штит за тоа. Со оглед на тоа што една храна со одреден состав ги јакне одбранбените сили, името кое се користи за таквиот тип на исхрана е имунонутриционизам.

И денес се уште се користат шесте древни намирници за кои одамна се знае дека помагаат во јакнењето на организмот.

Тоа се:

  • мед
  • лук
  • агруми
  • овошјето и зеленчукот
  • јогуртот
  • чоколадата.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина