sex_naslovna

Сексот е повеќеслоен, комплексен чин кој може да предизвика незадоволство од повеќе причини. Ова се некои од нив..

Неускладена сексулна желба

Разминувањето во сексулните желби помеѓу двајца партнери е најчестиот проблем со кој терапевтите се среќаваат. Кај жените, причина може да биде појавата на болка во текот на односот, хронична исцрпеност, стрес или од степенот на задоволство на жената од врската како и од тоа колкава емотивна блискост чуствува за партнерот. Доколку станува збор за последно наведената причина , проблемот би можел да биде решен со повторно воспоставување на комуникацијата.

Недоволно време за секс

Ова е еден од најчестите проблеми со кој се среќааваат терапевтите. Имено, патнерите имаат силни чуства еден за друг, но во издвојувањето на малку слободно време кое би го искористиле за секс често потфрлаат. Меѓутоа во прашање е замка. Кај паровите кај кои ова се јавува како причина за незадоволителен сексуален живот, најчесто се присутни комплексни проблеми од емотивна или психичка природа, како што се недостаток на сексуална желба, импотенција, болен однос, незадоволство од сопственото тело, прерана ејакулација и разни меѓусебни конфликти. Наместо директна конфронтација и разговор, проблемите се порекнуваат, а како изговор се користи недостаток на време.

Болести

За жал, многу болести предизвикуваат недостаток на сексуална желба за кои универзално решение не постои бидејќи сите случаи се разликуваат еден од друг. Многу често како проблем се јавува недостаток на отворена комуникација. Причината за ова е страв од неуспех, понижување или одбивање. Разговорот е најдобро решение во секоја ситуација, пришто партнерите би си укаже еден на друг за своите проблеми, очекувања, желби и истовремено би си пружиле меѓусебна поддршка.

Еректилна дисфункција

Доколку не постои причина од физичка природа за овој проблем, најчесто во прашање е анксиозност која ги спречува мажите да развијат состојба да возбуденост и притоа да одржат ерекција. Ако е во прашање пациент кој е во врска или во брак, за овој проблем се применува терапија која вклучува допирање со цел пациентот да развие физичка поврзаност со својата партнерка и тоа без стравот и притисокот кои ги причинува сексулниот чин.

Болни односи

Кога станува збор за овој проблем болката најчесто не е последица на сексуална дисфункција, особено не кога се јавува при ставањето на тампони, редовни гинеколошки прегледи и.т.н. .Постојат два различни пристапи кои ги применуваат терапевтите – првиот се однесува на откривањето на потенцијалите физички причини врзани за интимната зона, а вторите – поврзување на болката со менталните бариери кои настанале како последица на сексулана траума или се причинети од одредени емотивни состојби како депресија или анксиозност.

Неверство

Неверството и континуираното незадоволство од сексуалниот живот најчесто имаат ист причинител – отсуство на сексулна желба на партнерите и чуството на запоставеност. Затоа наместо развод, се предлага советување со терапевт кој би можел да ја истражи историјата на сексуалните односи во врската и да постави бројни прашања и притоа да истражи одредени аспекти од нивната интимакако што се: дали партнерите воопшто имале задоволувачки секс и доколку го имале кога работите почнале да се менуваат, зошто почнале да се менуваат, дали партнерите и понатаму чуствуваат пријатност во меѓусебната близина или се јавува извесна нетрпеливост… Сексулните односи кои се темелат пред се на физичка привлечност многу скоро можат да станат неинтересни и сексуалната желба да започне да се гаси.

Недостаток на емотивна блискост

Живееме во време каде константно сме насочени кон остварување на што повисоки цели поврзани со кариерата, опкружени со медиумите и идеалите за физичка убавина кои истите ги пласираат, што често наведува да заборавиме на нешто на што телевизијата и друштвените мрежи нема да не научи – сексуалната интимност. Остварувањето на разни сексулани фантазии и сцени од порно филмовите се сосема во ред доколку ви годи, но сепак постои една работа која констатно се запоставува – водењето љубов. Терапевтите ги советуваат лугето да не си дозволат да го живеат животот онака како што другите им диктираат, туку да се слушаат себеси, своите желби и потреби, како и оние на партнерот и на тој начин да ја зајакнат својата врска.

Зависност од сексот

Проблемот на опсесивно компулзивното сексуално однесување е се почест и истиот може да се манифестира на различни начини. Лечењето вклучува откривање на причините (слаб механизам на справување со стресот, семејни трауми, злоупотреба на алкохол или на дрога). Надминувањето на овој проблем би можел да се реши со поставување на граница, контрола на импулсивното однесување, јакнење н механизмот за справување со стресот, пренасочување на фантазиите и секако доколку е потребно и советување со партнерот. Во случаите каде како причина се јавува депресијата, во терапијата би можеле да се вклучат и лекови.

Тагови: љубовсекс