Сигурни сме дека после празниците, она што го посакувате е да се вратите во теретана и да ја остварите својата цел – побрзо да изградите мускулна маса. Меѓутоа може да се случи тоа да иако внимателно сте  го испланирале тренингот и  исхраната, и веќе сте издвоиле парични средства  за различни суплементи, сеуште да не бидете задоволни од напредокот. Ова би можело да биде решението кое ви треба.

Во овој текст ќе ви откриеме  седум совети, со чија доследна примена многу ќе ја подобрите вашата ефикасност, а истовремено ќе си докажете дека времето поминато во теретана не е залудно.

Прв совет- Одете до максимум во секоја серија

 

Потрудете се во секоја серија да го направите максималниот број повторувања, застанете само тогаш кога ќе почувствувате дека наредното повторување нема да бидете во состојба да го изведете докрај.

 

Втор совет- Зајакнете го целото тело

 

Зајакнете го целото тело од глава до пети! Тоа значи да вежбате без да ја прескокнувате било која група на мускули и пробајте да ја направите секоја мускулна група што е можно посилна.

 

Трет совет- Правете и вежби кои многу бараат од вас

 

Една од најлошите работи кои можете да ги направите е да избегнувате некоја од клучните сложени вежби. Нормално е секој од нас да има некоја вежба која му е омилена и посебно обожува да ја прави, додека друга вежба едноставно не ја сака и губи мотивација правејќи ја. Важно е сепак да се сфати дека бенч потисокот, мртвото дигање, подигнувањето на вратилото, милитари потисокот, се вежби кои на крајот сепак даваат најдобри резултати без оглед на справите кои изгледаат како алтернатива за изведување на овие вежби.

 

Четврт совет- Почнете нов живот, не нов програм

 

Ако мислите дека да речеме 8 недели се доволни за да се придржувате на посебен програм и можете да изградите големи мускулести гради или бицепси, а потоа остатокот од животот да живеете со оваа идеална форма, многу се лажете.

 

Дури и да успеете во своите намери, што е секако возможно, секако ќе мора да ги одржувате своите мускули, доколку сакате да остане таквиот тонус на мускулите.

 

Петти совет- Престанете да ги пропуштате тренинзите!

 

Иако овој совет можеби изгледа наједноставно, треба да имате на ум и дека најголемите професионалци имаат одреден ден за одмор во неделата или најмалку еден ден во две недели, како и тоа дека никогаш не тренираат подолго од 6 месеци без кратко паузирање.

 

Меѓутоа, не треба ниту да се залажувате и да си дозволувате голем број на пропуштени тренинзи, бидејќи  на тој начин се намалува напредокот. Едноставно, доколку не сте во можност редовно да тренирате, најдете некој поедноставен програм кон кој ќе можете да се придржувате.

 

Шести совет- престанете да го менувате начинот на вежбање

 

Ова е проблем кај повеќето кои вежбаат. Откако ќе слушнат за некоја интересна тренинг програма, веднаш посакуваат да ја испробаат и така до недоглед. Едноставно, откако ќе пронајдете тренинг кој ви одговара, треба да се потрудите да се придржувате до него одреден период, со оглед на тоа што со правилна исхрана, напредокот е загарантиран и не би смеел да биде доведен во прашање.

 

Седми совет- Внесот на калориите базирајте го на сопственото искуство

 

Напумпаните бодибилдери имаат прилично деликатен проблем. Откако првата година од вежбањето ќе постигнат фантастичен напредок, веќе наредната година резултатот е воглавно за половина послаб, и секоја наредна година отприлика исто така…Значи, основниот проблем лежи во потребата за менување на начинот на исхрана. Значи, како што расте мускулната маса, така расте и бројот на калории потребен за одржување на мускулите, што на крај доведува до тоа да ако сакате додатно зголемување, треба да се зголеми и бројот на калории.

 

Секако, не треба да се претерува, бидејќи лесно може да се дојде до несакани масни наслаги, па клучот се состои во тоа да низ сопственото искуство пронајдеме еден баланс за тоа како да ја зголемиме мускулната маса, а истовремено да ги намалиме масните наслаги.