3 лесни вежби на топка за стабилност
Дали некогаш сте се обиделе да ги тонирате своите стомачни мускули правејќи нешто што наликува на бесконечни стомачни вежби? Доколку одговорот е да, тогаш можеби ќе сакате во вашата вежба да додадете топка за стабилност. Топка за стабилност, исто така позната и како топка за вежбање, овозможува да се прават голем број на вежби кои ефикасно ќе ви ги зацврстат и тонираат абдоминалните мускули, а исто така е и добар начин за да го истегнете торзото и да ја подобрите флексибилноста.
Како се користи топкат за стабилност
Топката за стабилност е мека, лесна, а големината и варира. Вашата висина одредува која големина на топка да ја користите. Таа е дизајнирана за истегнување и тонирање на стомачните мускули, кои се дел од јадрото на телото. Може да биде корисна и за остатокот на вашиот тренинг, бидејќи можете да ја користите како поттпирка при кревање тегови или при изведување на чучнувања. Со користењето на оваа топка за потпирање при кревањето тегови или при тонирањето на долниот дел од телото ќе ја подобрите рамнотежата и индиректоно ќе ги зајакнете стомачните мускули.
Топка за стабилност: Почеток
Постојат неколку вежби кои можете да ги правите со топката за стабилност:
- Истегнување. Легнете на грб, топката поставете ја под себе за да ги истегмете абдоминалните мускули. Легнете на стомак врз топката за да ги истегнете грбните мускули, или легнете на страна за да ги истегнете страничните мускули. Исто така можете да седнете на топката, со нозете и стапалата поставени пред вас за да ги истегнете мускулите на нозете. Консултиракте се со тренерот за тоа како правилно да ги направите овие истегнувања.
- Кревање тегови. Топката користете ја за рамнотежа и потпирка додека кревате тегови. Можете да легнете на топката на грб или на градите и да правите веќби со кревање тегови со поддршка на рамнотежата со помош на топката. Можете и да седнете на неа додека кревате тегови, па така ќе работите на оддржувањето на рамнотежата и во истовреме ќе работите на тренирање на својата сила.
- Чучнувања и повеќе. Легнете на топката за стабилност и правете абдоминални вежби. Топката потоа користете ја како потпирка на грбот наспроти ѕид додека правите чучнувања. Можете да ја користите и како потпирка за грбот наспроти ѕидот и при изведување вежби за нозете, така што нозете ќе ги поставите на неа и ќе правите склекови.
Топка за стабилност: Бирање на соодветната големина
Пред да купите топка за стабилност, мора да видите која големина одговара најдобро за вас. Кога седите, нозете треба да ви се на подот, а колената во ниво или малку пониски од карлицата. Треба да има агол од 90 степени (или малку поголем) меѓу колковите и колената, додека нозете се поставени рамно на подот. Големината на топката ќе ја одберете споед својата висина. Вашата тежина не е голем фактор, но ако забележите дека топката налегнува и немате агол од 90 степени кога седите, тогаш ќе треба да ја одберете следната големина.
Освен тоа, треба секогаш да внимавате на тоа топката да биде добро надувана и неиздишана.