Изненадувачки е тоа што малите работи кои ги прават повеќето од нас, всушност, претставуваат сериозен удар за нашето здравје. За да обрнеме внимание на некои од нив, ви претставуваме листа од седум лоши навики и причините за нивното лошо влијание врз здравјето.

greska_naslovna

Одите на спиење со шминка

Станува збор за тоа што шминката ги затвора порите на кожата и создава плодно тло за размножување на бактериите, па ќе бидете многу среќни ако наутро ви се појават само една или две бубуљици. Во некои случаеви, шминката на очите може да предизвика конјуктивитис  и отоци. Освен тоа, не треба да заборавите и редовно да ја чистите ракавицата (доколку користите таква) за отстранување на шминката, бидејќи во спротивно може да дојде до добивање некој вид инфекција.

Носете рамни обувки и веднаш преоѓате на штикли

Голема заблуда е дека рамните обувки се добри за нозете, додека пак популарните балетанки се уште полоши бидејќи не пружаат стабилност и немаат правилен вид на влошки. Заради тоа, ваквите обувки неретко резултираат со воспаление на дебелото ткиво на дното на стапалото. Од друга страна пак, чевлите со високи потпетици, ако се носат подолго време, предизвикуваат проблеми од стапалото па се до зглобот. Заради тоа, најмногу се препорачува (доколку е можно се разбира) да носите спортски обувки до работа и назад. Доколку носите штикли подолг период, најдобро би било да одвоите малку време и за истегнување на листовите, па ако дојде до болка, тоа е знак дека треба да инвестирате во нови влошки или дури и да ги смените чевлите.

Спиете без да ги извадите контактните леќи

Будењето со леќи на очите предизвикува многу поголем проблем од самиот недостаток на влажност на очите, па на тој начин се јавуваат голем број инфекции. Освен тоа, од 300 па до 1000 посто се зголемуваат шансите за добивање на сериозни инфекции на очите. Освен тоа, неопходни е да поведете сметка и за хигиената на рацето за време на вадењето и ставањето на контактните леќи, како и самите предмети кои доаѓаат во допир со кожата во текот на ноќта, бидејќи многу е лесно да се ренесат бактериите во окото. Ако црвенилото продолжи значително повеќе од 24 часа, потребно е да ве прегледа офталмолог.

Заборавате на конецот за чистење заби

Со четка се отстрануваат наслагите од предните и задните страни на забите, ама наслагите кои останале помеѓу забите, на овој начин тешко дека ќе се отстранат. Заради тоа не треба да се заборави на конецот за заби кој е во можност да ги отстрани сите остатоци од храната, што е вистинска гаранција за избегнување на развојот на бактерии во усната шуплина за време на спиењето.

Честа посета на рестораните за брза храна

Два – три пати во месецот е дозволено, но проблем е доколку брзата храна претставува секојдневна исхрана, Освен што силно влијае врз здебелувањето, овој вид на храна е извор и на голем број други проблеми. Таа е богата со заситени масти, натриум, соли, шеќери и мноштво други не толку здрави состојки, додека бројот на состојки добри за здравјето е во значаен дефицит.

Конзумирате премногу алкохол

Сите се радуваат на одморот после работа и опуштањето, а голем број луѓе тоа и не можат да го замислат без алкохол. Во што е проблемот? Во деградацијата на организмот, чии последици најдобро се чувствуваат наутро со мамурлакот. Освен тоа, прекумерното пиње може да го измести менструалниот циклус кај жените, што е само почеток на листата проблеми кои ги предизвикува алкохолот, а некои од нив се- оштетување на црниот дроб, зголемување на ризикот за карцином на грлото, устата, желудникот, дебелото црево и дојките кај жените, зголемување на ризикот за неплодност , абортус, прерано породување, мртвородече, како и неизоставното зголемување на жансите за доивање на полно-преносливи болести.

Недоволно вежбање

Избегнувањето на посетата на теретаната може да предизвика многу поголеми проблеми од едноставно зголемување на конфекцискиот број. Вежбањето и физичката активност е нешто што е во човековата природа, додека на пример седењето е најпогубната и најнеприродната положба. Освен тоа, вежбањето освен на физичкото здравје, влијае и на психичкото, доколку се има предвид дека физичкиот стрес директно влијае на елиминирањето на емоционалниот стрес. Заради сето ова, посетете ја теретаната, планинарете или забавувајте се со некоја друга активност и самото тело ќе ви покаже колку оваа активност му одговара.