Седењето и стоењето го забавуваат крвотокот
Чувствувате ли замор или болки во нозете? Стапалата ви се студени, а ногите тешки? Се почесто чувствувате трнење и грчеви во нозете?
Слабата циркулација е проблем со кој се почесто се среќаваме во секојдневниот живот. Освен што предизвикува непријатност, слабата циркулација во нозете може да доведе и до посериозни здравствени проблеми.
Зошто доаѓа до лоша циркулација?
Причината за лошата циркулација лежи во насобирањето на маснотии на внатрешните страни од крвните артерии, како и поради ослабната еластичност на артериите и вените, што доведува до отежнат проток на крвта низ целиот организам. За лошата циркулација придонесува седечкиот начин на живот, односно работењето во канцеларија. Освен тоа, тука придонесуваат и оние работи каде се бара долготрајно стоење, а во тој случај советот е да извршите компјутерска анализа на стапалата и да побарате влошки за корекција на оптоварувањето на стапалата.
Недостатокот на телесна вежба, масна и зашеќерена храна, која е сиромашна со влакна, пушењето и претераното консумирање алкохолни пијалоци и кофеин можат само да ги засилат проблемите со слаба циркулација во нозете.
Што укажува на слаба циркулација?
Најчести симптоми на слаба циркулација во нозете се пред се студени нозе и стапала, чести трнења или грчеви кои можете да ги чувствувате и чувство на тежина.
Проблемите со слабата циркулација, за жал, не престануваат тука, туку можат да се јават и чести вртоглавици, исцрпеност во текот на поголемиот дел од денот, главоболка, отоци и задржување вода во нозете.
Слабата циркулација неретко може да биде проследено и со сина кожа на потколениците и јазли во крвните артерии и проширени вени.
Ако забележите повеќе симптоми кои укажуваат на слаба циркулација, пожелно е да преземете мерки за да се поштедите од посериозни здравствени проблеми, како што е висок крвен притисок, оштетување на органите, мозочен удар, проблеми со срцето и бубрезите.
Како да се подобри циркулацијата во нозете?
Некои од начините со кои може да го вратите здравјето на своите нозе се:
- Здраво хранете се – исфрлете ги непотребните маснотии, јадете повеќе овошја и зеленчук, пијте 5 – 6 чаша вода дневно, јадете намирници богати со влакна и намалете ја консумацијата на солта.
- Внесувајте витамини Ц и Е, бидејќи помагаат за зголемување на циркулацијата на крвта во целото тело.
- Движете се повеќе – кусите прошетки се идеални за подобрување на циркулацијата, а се препорачува за одење на пократки релации наместо возење со автомобил.
- Користете производи за поттикнување на циркулацијата – природните состојки, како нане, ментол и еукалиптус ја поттикнуваат циркулацијата и можат да ви помогнат, посебно ако поголем дел од денот седите или стоите во место.
- Намалете ја консумацијата на кофеин од кафето или чајот, алкохолните пијалоци и никотинот, кои ги стеснуваат крвните артерии.
- Спортувајте – пожелни се брзо одење, аеробик, групни спортови, но и трчањето. Ако имате проблеми со болки во зглобовите, што ви го оневозможува вежбањето, побарајте ленти, коишто ќе ви помогнат во тоа.
- Масажа – масирајте ги нозете пред спиење со кружни движења. Краткотрајно олеснување ќе ви пружи и 5 – минутната масажа на нозете во канцеларија.
- Носете превентивни чорапи за вени – тие и даваат на кожата микро-масажа и на тој начин ја подобруваат циркулацијата. Вршејќи притисок на нозете, превентивните чорапи помагаат да се намали обемот на вените, а последично се зголемува брзината на протокот на крвта и се намалува венскиот притисок.