Шеќерот кој се содржи во одредена храна, а не мастите од храната – се главата причина зошто луѓето ги привлекуваат нездравите слатки, велат резултатите од најновата студија.

Истражувачите ја следеле активноста на мозокот кај повеќе од 100 тинејџери додека пиеле два вида топла чоколада со вкус на милкшејк, кои имале ист број на калории. Едниот вид топло чоколадо имал многу шеќер, а малку масти, а кај другиот вид било обратно.

Двата вида чоколада го активирале центарот за задоволство во мозокот. Било утврдено дека милкшејкот со високо ниво на шеќер поефикасно го активира центарот за задоволство со храната во мозокот отколку што тоа го прават мастите кои се содржат во намирниците. Интересно е тоа што шеќерот кој го има во храната може да предизвика и појава на компулсивно јадење.

 

Наодите од ова истражување доведе до разбирање на некои одговори на прашањето што го предизвикува прејадувањето кај луѓето.

– Многу работиме на превенцијата во борбата против дебелеењето, а она што е навистина јасно од оваа студија, но и од пошироката литература, е следново: колку повеќе јадеме шеќери, толку повеќе сакаме да ги консумираме. Ова го вели и авторот на студијата, Ерик Стиц, виш научник во Истражувачкиот институт во Орегон.

 

Заклучок

 

Што се однесува до можноста за ангажирање на центарот за задоволство во мозокот (т.н. мозочна награда) и компулсивното јадење (гладот), шеќерот изгледа дека делува врз мозокот многу повеќе и многу посилно отколку што делуваат мастите – истакнува Ерик Стиц.

 

Од ова може да се заклучи дека ,,слатките,, намирници можат многу повеќе да влијаат на појавата на дебелина од мастите во намирниците. Просто кажано, мастите не дебелеат, но ,,слатките,, не тераат повеќе да јадеме.

Резултатите од наведеното истражување можат да им помогнат на научниците во борбата со прекумерната дебелина. Овие резултати неодамна ги имаат објавено и “The American Journal of Clinical Nutrition” и “The New York Times”.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина