tajming_naslovna1

Покрај сите обврски кои ги имаме во текот на денот, вистинско чудо е доколку најдеме време да се наспиеме, здраво да се храниме и да одиме на вежбање. Дали знаете дека сето тоа може да се постигне доколку правилно го распоредите своето време?

Најдобро време за појадок, ручек и вечераБи требало да појадувате најдоцна еден час откако ќе се разбудите. Четири и пол часа после будењето би требало да ручате, а неколку часа по ручекот би требало да вечерате. Доколку правите поголеми паузи помеѓу оброците ќе бидете гладни, а што повеќе чувствувате глад, помали се шансите дека ќе одолеете на искушенијата за брза храна која дебелее. Најважното правило кон кое морате да се придржувате е да не јадете ништо три часа пред да одите на спиење, затоа што токму толку време е потребно за да се свари храната како што треба.

Најдобро време за да застанете на вага – за да го добиете најреалниот податок за својата килажа, најдобро време да застанете на вага е веднаш штом ќе станете. Доколку не ви одговара наутро, гледајте да иматео дредено време кога ќе се мерите и држете се до него.

Најдобро време за да одите во продавница по намирници – Најдобро време за купување на намирници би било претпладне во 10 часот, под претпоставка дека веќе сте појадувале и ќе отидете со полн стомак. Ако отидете во супермаркет за да набавите храна, а притоа чувствувате глад и имате ниско ниво на шеќер во крвта, тоа може да влијае на вашето правилно расудување. Доколку отидете гладни да купувате, ќе паднете во искушение да купите нездрава храна како што се слатки нешта или грицки.

Најдобро време за вежбање – Наутро! Едно истражување покажало дека личностите кои вежбале пред висококалоричниот појадок, во период од шест недели, не ја зголемиле својата тина. Од друга страна, личностите пак кои вежбале по истиот тој појадок, се здебелиле за еден и пол килограм. Со утринското вежбање го забрзувате својот метаболизам и го терате да согори повеќе калории во текот на денот.

Најдобро време за посета на лекар – Доколку мора да одите на лекар тоа е најдобро да го направите наутро. Не само што обично наутро има помалку гужва, туку и заради тоа што нема да мора долго време да останете гладни (со оглед на тоа што одредени прегледи мора да се изведуваат на гладно срце).

Најдобро време за да го забрзате вашиот метаболизам– најдобро време за ова е во осум часот претпладне. До тогаш, треба да сте веќе разбудени, да ја имате измерено вашата телесна тежина и да сте го завршиле вашето утринско вежбање. Најдобар начин за да го забрзате вашиот метаболизам е да испиете чаша студена вода веднаш штом се разбудите.

Најдобро време за да ја прекршите диетата – Доколку сакате да си угодите себеси и да си се почестите со омилената и се разбира, не толку здрава храна постои идеално време и за ова. Јаглехидратите е најдобро да ги земате за време на појадокот. Најдобро време за внесување на маснотии е претпладне, околу 10 часот. И маснотиите и јаглехидратите го подигнуваат нивото на енергија во вашето тело, па ќе имате цел ден на располагање за да ги согорите калориите.