Хипотиреозата, односно забавената активност на штитната жлезда често доведува до дебелеење, односно го нарушува регулирањето на телесната тежина. Една од причините може да биде запекот (опстипација), но причина честопати се и нападите на прејадување, поврзани со чувството на замор и недостиг на енергија. Кога се работи за хипотиреоза, посегнуваме за храна богата со прости јагленохидрати, која е брз и високо калоричен извор на енергија и по таквиот оброк брзо доаѓа до пад на енергијата и до замор. Затоа е важно да се прилагоди исхраната. Се препорачуваат намирници со низок и среден гликемиски индекс. Треба да се започне со намалување на јагленохидратите кои доаѓаат од лебот, тестенините, оризот, кексот и засладените сокови, бидејќи преголемото внесување на јагленохидрати значително ја оптоварува инсулинската активност која е намалена при хипотиреоза.

 

Јагленхидрати можеме да јадеме од заленчукот кој не содржи скроб, од овошјата и житарките, како што се зобот, хељдата и, евентуално, јачменот и ржта. Треба да се намали консумирањето на сончогледовото и соиното масло, а да се зголеми консумирањето на маслиновото масло и да се вклучи во исхраната сината риба. Добар избор се и лененото семе и омега -3 масните киселини од бадемите и оревите. Многу важно е и да се појадува редовно, и тоа намирници со низок и среден гликемиски индекс – зобени снегулки со ниско мастен пробиотски јогурт и цимет. Исхраната треба да се организира во пет до шест оброци во текот на денот. Меѓу оброците дозволена е ужина: 3 коцки темна чоколада претпладне и половина грст бадеми попладне.

Со секој оброк се препорачува да се консумираат малку протеини, за да се залаже гладот, а најдобар извор се риба, житарки, јаткасти плодови и белки. Зголемете го внесот на намирници богати со антиоксиданси, како што се боровинки, цреши, цвекло и пиперки. Одбегнувајте ги тие кои ја попречуваат работата на штитната жлезда, како што се брокула, зелка, карфиол, кељ, спанаќ, соја и кикиритки. Исто така, се препорачува редовна физичка активност за да се подигне нивото на хормоните на среќа, сератонин и ендорфин, но и да се поттикне процесот на слабеење и согорувањето на масното ткиво.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина