Овој освежителен напиток би можел да стане вашиот омилен летен пијалок

Синтија Саси, девојката која ја смисли Саси водата, односно Саси пијалокот, тврди дека по само 4 дена од редовното консумирање на овој пијалок, можете да изгубите 3 килограми и 10 сентиметри околу половината. А овој пијалок лесно ќе го направите сами, доколку имате свеж ѓумбир, свежи листови од нане, една краставица, еден лимон и 8,5 чаши вода (употребувајте филтрирана вода, може и флаширана – една чаша од 250 ml).

Начин на подготовка:

Измијте го лимонот, исечете го на половина и отстранете ги семенките. Секоја половинка малку засецнете ја и ставете ја во сад со вода (8,5 часа). Не го лупете лимонот, а немојте ни да го цедите лимонот во водата. Краставицата излупете ја и исецкајте ја на кругчиња, па додадете ја во водата. Земете 8-12 листови свежо нане, измијте ги и додадете ги во водата. Излупете го ѓумбирот со средна големина и изрендајте го во смесата. Сега сето тоа промешејте го повторно заедно, покријте го садот и оставете да отстои во фрижидер преку ноќ. Следниот ден, пијте ја само Саси водата, разладена, кога ќе бидете жедни. Ќе треба да ја подготвувате свежата Саси вода со горенаведените состојки за најмалку четири дена,за да ги видите резултатите. Водата исто така, можете и да ја процедите секој пат пред да ја ставите во чаша.

Саси водата содржи 0 калории и познато е дека само водата (8 чаши дневно) значително го помага губењето на тежината, додека другите состојки го забрзуваат процесот на согорување на масните наслаги и сигурно го намалуваат стомакот.

Подготовката на овој пијалак е лесна и евтина, па ви советуваме да пробате, сигурно нема ништо да изгубите!