Проблемот со спиењето им е познат на луѓето низ годините, од адолесцентите до постарите. Многумина се борат со непроспиеност, но не морате секогаш да бидете жртва на лошиот сон. Добрата хигиена на спиењето не само што ќе ви го подобри сонот, туку и ќе влијае на вашите способности, психолошка сила и самоконтрола.

Што е тоа хигиена на спиењето?

Ова е термин со кој се опишува вежбање за подобар сон. Добрата хигиена не го подобрува само квалитетот на сонот, туку и го крева нивото на способноста додека сте будни. Доколку ја вежбате оваа техника, ќе почнете од ден во ден да забележувате промени кои позитивно ќе влијаат врз вашиот сон. Што е тоа што не го правите правилно?

  1. Не обидувајте се да одите на спиење додека не ви се приспие. Обидот да се натерате да легнете може само да стане постресен.
  2. Не гледајте во часовник кога сте веќе во кревет.
  1. Доколку имате проблем со легнувањето, најдобар начин е да станете и да се вратите на спиење кога навистина ќе ви се приспие.

  2. Обидете се да го одржувате истиот распоред на спиење секој ден. Правете го тоа и за време на викендите и одморите. Легнувајте и станувајте секогаш во исто време.

  3. Користете го креветот само за спиење. Не употребувајте на него електрични уреди. Креветот треба да биде поврзан само со спиењето.

  4. Не дремете преку ден. Ако сакате да се одморите, отспијте само 20 минути.

  5. Дозволете си еден час време за одмор пред спиење. Тој одмор може да биде туширање или читање книга.

  6. Немојте да вежбате неколку часа пред да одите на спиење.

  7. Одбегнувајте кофеин, алкохол и цигара неколку часа пред спиење.

Доказ дека спиењето влијае врз вашето работење

Доколку имате проблем со спиењето, сигурно многумина ве имаат советувано да вечерате лесен оброк за полесно да можете да заспиете. Дали знаете кои намирници треба да ги одбегнувате за побрзо да потонете во сон и поквалиттено да се наспиете?

1) Алкохол

Генерално постои мислење дека една чашка алкохол пред спиење ќе ни помогне да се опуштиме и полесно да заспиеме, но тоа не е точно. Алкохолот нема да ни обезбеди долг и квалитетен одмот, туку напротив. Редовното консумирање на алкохол навечер може да ни го поремети сонот, а тоа подразбира чести будења во текот на ноќта.

2) Чоколада

Ако сакате квалитетен сон, подобро да ја одбегнувате чоколадата. Црната чоколада е полна со кофеин, кој не држи будни. Покрај кофеин, таа содржи и теобромин, кој ги зголемува отчукувањата на срцето.

3) Лук

Лошиот здив не е единствената причина поради која треба да го одбегнувате лукот за вечера. И тој како и некои други лути намирници можат да доведат до засилена работа на срцето.

4) Сладолед

Сладоледот содржи многу масти, па ако веднаш по јадење заминете во кревет нема да му дадете можност на телото за да ги согори. Проблемот е во тоа што сладоледот содржи многу шеќери, па токму тоа е она што не ви е потребно пред спиење, бидејќи шеќерот го полни телото со енергија. А, покрај тоа тој шеќер се претвора во масни наслаги.

5) Целер

Целерот е природен диуретик. Тоа значи дека ако го јадете пред спиење ќе морате почесто да станувате навечер за да мокрите.

6 ) Тестенини

Тестениниите се брзи и едноставни решенија за оние кои не сакаат да готват, но тие се полни со јагленхидрати. Ако си легнете веднаш по нивното јадење, тие јагленхидрати ќе се претвораат во сало. Освен тоа, сосовите и преливите кои се користат при нивната подготовка се масни и тешки за вечера.

7) Пица

Пицата не е лесен оброк, па ако ја одберете за вечера, вашиот стомак ќе мора да се помачи за да ја свари. Покрај тоа, реултатите од едно истражување покажале дека кечапот може да предизвика зависност!

8) Житарки

Многу често житарките содржат многу шеќери. Ако ги вечерате, морате да знаете дека ќе ви се покачи нивото на шеќер во крвта, што како последица ќе има одложување на сонот. Затоа подобро е да ги оставите за појадок.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина