plodnostnasl

Дури и ако не планирате потомство во скоро време, водете сметка за овие неколку работи…

Ризичен секс

Многу наизглед беззначајни уринарни инфекции може да бидат причина за воспаление на женските гениталии и доколку се упорни, а не се лечат, имаат за краен исход стерилитет. Предизвикувачи на овие инфекции се различни бактерии, вируси, габички и групи кои по своите особини се слични и на бактериите и на вирусите – кламидија, микоплазма и уреоплазма.

Цигари

За штетноста на цигарите одамна се знае. Како и на сите други органи, цигарите имаат штетно влијание и на јајниците. Само една илустрација – секогаш кога ќе повлечете чад од цигарата, вашите клетки во јајниците почнуваат малку побрзо да умираат. Жените пушачи почесто имаат проблем да забременат. А ако се случи зачнување, статистиката говори дека имаат поголем процент на спонани абортуси, како и новороденчиња со помала тежина. Па така, доколку сакате да забремените, а сте пушач, веднаш откажете се од оваа опасна навика бидејќи ќе ви треба околу една година за да ја вратите оптималната состојба на организмот и така да создадете идеални услови за да ви се случи и бременост. Исто така, познато е дека менопаузата кај жените пушачи може да почне и четири години порано во однос на жените кои не пушат.

Проблеми со тежината

Количината на масното ткиво кај жените е многу значајна бидејќи тоа е место, каде, со заедно со јајниците, се произведуваат и хормони кои можат да влијаат на овулацијата.

Кога имате премалку телесни масти (БМИ индекс под 18,5) може да се случи воопшто да не овулирате. Премногу масни наслаги (БМИ индекс над 29),преголемите количини на инсулин и естроген можат да го пореметат целиот процес. Потврда за тоа е дека често губењето или добивањето на тежина (во рамките на околу 5 проценти од онаа која ја имате), може да допринесе кон воспоставувањето на овулација.

Лоша исхрана

Студијата спроведена на Универзитетот Харвард открила дека жените кои се придржуваат до четири правила во врска со исхраната имаат поголема плодност во однос на оние со нездрави прехрамбени навики

Правила

  1. Јадете интегрални житарки, наместо бели преработени
  2. Исфрлете ја храната која содржи транс масти (незаситени масти со трансизомерни масни киселини)
  3. Гответе со моно-заситени масти, како што е маслиновото масло.
  4. Поголемиот број од протеините потрудете се да ги внесете преку растителни (мешунки и јаткасти плодови) а не преку животински извори.

Лежење на каучот и гледање ТВ

Доказ дека вежбањето е подобро од излежувањето на каучот пред репризата на омилената серија е и истражувањето спроведено на Харвард Факултетот за јавно здравје, кое открило дека мажите кои гледаат телевизија повеќе од 20 часа неделно произведуваа за 44 проценти помалку сперма од оние кои не го запалуваат телевизорот.

Консумирање на брза храна

И вие би требало да се префрлите на здрава храна доколку сакате да имате деца. Неодамна спроведеното истражување открило дека мажите кои повеќе јадат риба, интегрални житарки, мешунки и зеленчук, имаат сперматозоиди кои се за 11 проценти побрзи од сперматозоидите на мажите кои консумираат црвено месо, масни грицки и слатки работи.

А што со неговата сперма?

Жените се грижат за се и проверуваат се, но во околу 40 проценти од случаите причините за неплодност се наоѓаат кај мажите. Студијата за мажките навики ја открива тажната вистина- мрзеливите мажи често имаат и исто таква сперма.