Научниците истражувале како тутунот може да го предизвика процесот познат како ДНК метилација, кој инаку е тесно поврзан со развојот на коморна болест на срцето.

Истражувањето ја нагласува важноста на резултатот, затоа што метилацијата ги регулира гените, а со самото тоа влијае и на развојот на сите болести поврзани со пушењето. Откриено е дека кај оние кои престанале да пушат, се уште се забележуваат ефектите од пушењето во нивните ДНК гени. Истражувањето споредувало примероци на крв на 15.907 доброволци кои биле пушачи, поранешни пушачи, како и на оние кои никогаш не пушеле. Утврдено било дека метилацијата во гените е забележлива кај повеќе од 7.000 испитаници. Третина од овој број е кај поранешните пушачи, додека кај непушачите и поранешните пушачи метилацијата е на минимум (повеќе од 5 години).

Кај некои луѓе метилацијата на ДНК е присутна и по 30 години одвикнување и престанување со пушењето. Истражувањата откриле дека статистички најзначајните метилации се поврзани со сите познати болести каде цигарите се директна причина, како што се болестите на срцето и некои карциноми.

Докази дека пушењето има долготрајно влијание врз ДНК како и дека по престанување со пушењето се враќа во нормално ниво охрабруваат и значат дека човечкото тело се обидува да се излекува од штетното влијание на пушењето. Овие наоди можат да придонесат во идните третмани на одвикнување од пушењето, така што би можеле да бидат насочени на локацијата на ДНК метилацијата. На тој начин ќе може подобро да се види зошто пушењето е ризик за настанок на многу болести. Постои и претпоставка дека оваа наука, позната како епигенетика, може да разбере воопштено како целото наше опкружување може да влијае на нашите гени, а со самото тоа и на можниот ризик од одредени болести.

Истражувачите ги поддржуваат сите оние кои се одвикнуваат од пушењето, бидејќи тоа е многу важен процес за намалување на ризикот од сериозни болести.

 

Тагови: днкпушење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина